ВИДЕО: Јункер се клати, Заев го придржува

Шефот на Европската комисија Жан Клод-Јункер едвај стоеше на нозе на самитот на НАТО во Брисел. Телевизиските камери го фатија Јункер како, благо речено, не изгледаше добро. За да не падне, мораа да го придржуваат други, а во тоа помагаше и Зоран Заев. Погледнете го видеото и уверете сеи сами.

ВИДЕО: Венецуаела се спрема за војна - Мадуро ја подигна цела војска на нозе

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го прогласи почетокот на најголемите воено-цивилни вежби, „Двесте години Ангостура 2019“ во историјата на таа земја, во кои учествуваат припадници на редовната војска и резервисти.

Пред почетокот на воените вежби, претседателот стигнал во државата Миранда, која се наоѓа во близина на Каракас, каде изврши инспекција на воените техники, вклучувајчи ги ракетните системи од руско производство.

Воените вежби ќе се одржат од 10 до 15 февруари. Како што соопшти Мадуро тие ќе бидат најголеми во историјата на Венецуела.

Иако венецуелакста војска не е една од најбројните во јужноамериканскиот континент, кога станува збор за воената техника и оружјето, може да се смести, како што оценуваат аналитичарите, во една од најмоќните.

Семејствата со најмалку две деца ќе добијат субвенции за куќа, автомобил и уште нешто

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, најави денеска нови субвенции за сите жени кои се мажат пред 40-тата година, како и нови погодности за нововенчаните двојки и семејства.

-Се помалку и помалку деца се раѓаат во Европа. Што се однесува до Западот, нивниот одговор е имиграција. За секое дете што недостасува, би требало да дојде ново и дури тогаш бројките бил биле на место. Но нам не ни се потребни бројки. Нам ни се потребни унгарски деца, рече денеска Орбан во обраќањето до нацијата.

Тој најави нова програма со седум точки кои ќе донесат ново погодности за нововенчаните двојки и семејства. Новите мерки ќе им овозможат на семејствата што имаат најмалку две деца да добијата субвенции за купување куќа, како и за купување автомбоил.

-Жените кои имаат најмалку четири деца ќе имаат можност да не плаќаат личен данок на доход. Жените помлади од 40 години кои се мажат првпат, ќе имаат можност да добијат субвенции од 10 милиони форинти (36.000 долари) , рече Орбан.

Третина од тој долг се отпишува кога жената ќе роди второ дете, а по третото, долгот целосно се отпишува.

„Тоа е одговор за Унгарците. Не е имиграциајта“, рече Орбан.

Русија сака новото име на Македонија да се разгледа од Советот за безбедност на ОН

Русија смета дека темата за преименување на Македонија треба да се дискутира од Советот за безбедност на ОН . Тоа го изјави рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Баздекин во интервју за ТАСС.

Тој вели дека договорот за промената на името на Македонија го засилил расколот во републиката што ќе има долгорочни негативни последици за Балканот.

Дипломат посочи дека речиси две третини од македонското население го бојкотира референдумот за Преспанскиот договор на 30 септември 2018 година.

Амбасадорот истакна дека Русија, колку и да се обидуваат да ја обвинуваат за тоа, во никој случај не е заинтересирана за дестабилизација на ситуацијата во Македонија и на Балканот.

“Неопходно е да се знае дека Преспанското договор е склучен со сериозно кршење на нормите на внатрешното и меѓународното право, со други зборови, излегува надвор од правната област. Таа едвај ќе може да биде алатка за постигнување на праведно, одржливо и долгорочно решавање на проблемот за државното име на Македонија, рече амбасадорот, вели Баздекин.

Спротивното, како повеќепати нагласува претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, наместо решавање на еден стар проблем, Преспанското договор може да создаде многу нови, рече рускиот амбасадор.

Тој истакна дека пристапувањето на Македонија кон НАТО заедно со агресивната реторика на голем број претставници на Алијансата, не предвестуваат ништо убаво.

Популарно