Митови за сончањето во кои мора да престанете да верувате

Причините поради кои се појавуваат изгорениците, е потценувањето на моќта на сонцето. Важно е да ги разберете и да повеќе да внимавате на овие пет митови за сончање и неговите последици:

Мит 1: Не може да изгорите доколку седите под сенка

Дури и кога сте под чадор или некое големо дрво, UV зрачењето се рефлектира на најблиската површина и доаѓа до вас. Затоа е важно да нанесете заштитен фактор и кога сте под сенка, а кога навистина сакате да ја одморите кожата од сончање, појдете во затворен простор, советува лондонскиот дерматолог Даниел Глас, за Harper’s Bazaar. Секако, обидете се да не се сончате на средина на денот, кога зрачењето од сонцето е особено силно.

Мит 2: Не можете да изгорите кога е облачно

Не само што можете да изгорите кога е облачно, туку може да ги добиете и најголемите изгореници, затоа што UV зрачењето станува поинтензивно кога има облаци, предупредува дерматологот. Затоа, не го прескокнувате нанесувањето на заштитен фактор на секои два часа, дури и кога не сте изложени на сонце.

Мит 3: Ако имате потемен тен нема да изгорите

Секоја кожа е различна и има свој начин за заштита од UV зраците, нагласува дерматологот. Иако вие можеби сте сигурни дека не црвенеете, туку само потемнувате, не сте во право. Иако кожата со потемен тен поретко заболува од меланоми, таа може подеднакво да биде оштетена како кожата на луѓето со посветол ден, што гори веднаш штом се изложи на сонце.

Мит 4: Само еднаш нанесете крема за сончање

Не постои крема што потполно ја штити вашата кожа. Дури и ако нанесете заштитен фактор 50 (што е за пофалба, и многу е препорачливо), мора да нанесувате на секои 2 часа, доколку сте постојано иложени на сонце, истакнува дерматологот.

Мит 5: Не можете да заболите од рак на кожа

Може да им се случи на сите, па за жал и на вас. Овој тип на рак е еден од најчестите и може да се појави во секое време, бидејќи кожата сериозно ја памети направената штета. Според статистиките, еден од пет луѓе, во некој период од животот заболуваат од рак на кожа и тоа е најчесто поради преголема изложеност на UV зраците, наведува Harper’s Bazaar.

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко на близначиња

ТВ и радио водителот Марко Новески денеска стана татко на близнаци.

Неговата сопруга Цена на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш  се пофали на социјалните мрежи.

– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша Марко во прилог на фотографијата од близнаците.

Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во август 2021 година.

Марко „Дај побрзај“ стана татко за прв пат

Водителот Марко Новески познат како Марко „Дај побрзај“ и неговата сакана Цена стапија во брак пред три години, а денес им се исполни најголемата желба да станат родители.

На социјалните мрежи Марко сподели дека станал татко на близначиња. Тој  објави и прва фотографија од новороденчињата под која напиша: „Добредојдовте Вања и Веда. Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон. Те сакам!“ 

Честитки на новите родители, да се здрави и живи и заедно да поминуваат само убави моменти. 

Пресврт на евровизиските кладилници пре почетокот на натпреварот

Се поблиску е почетокот на Евросонг кој оваа година се одржува во Малме, а како што се приближуваме до 7 мај, кога ќе се одржи првата полуфинална вечер, така се менува и состојбата во обложувалниците.

Овојпат нашиот сосед Србија со претставничката Тејадора и песната „Рамонда'' паднаа уште подолу по скалилата и сега го зазема солидното 23 место. Официјалните обложувалници до неодамна предвидуваа 20-то место, за победа во големото финале кое се игра на 11 мај, но има промени.

Хрватска, која годинава ја претставува Бејби Лазања, долго време беше на првото место, а сега ја престигна Швајцарија, чиј претставник годинава е Немо, со песната „The Code“. Во првите пет фаворити се наоѓаат и Холандија, Италија и Украина.

Овогодинешното издание на Евровизија ќе се одржи во Малме, Шведска од 8-ми до 11-ти Мај.

Популарно