КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ СО ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО?

Во првиот дел се обидовме да дадеме објективен одговор на 17 најкруцијални прашања поврзани со договорот за името. Колумната имаше голем позитивен одглас кај читателите што навистина ме радува. Притоа, резимиравме дека останатите членови од договорот од делот 2 и делот 3 кои се однесуват на интензивирање на сите видови на соработка, дипломатските односи и разрешувањето на спорови се општи и козметички и во договорот се ставени единствено за уметнички впечаток. Меѓутоа од познавачите на правото ми беше предочено дека тие членови неслучајно се вметнати во договорот со намера тој полесно да се спроведе низ собраниските органи како договор за соработка по примерот на Договорот за добрососедство со Бугарија. Ова се покажа за точно и за ова укажување сум посебно благодарен.

Изминатиов период, а верувам и во периодот што следи сè до одржувањето на неизбежниот референдум за кои очигледно  кај политичките кругови во државава постои консензус, сè почесто (ќе) се пласира тезата дека ова е добар договор затоа што двете страни се подеднакво (не)задоволни. Нашата намера во оваа колумна е да одговориме дали тоа е навистина така и која страна вистински добива, а која вистински губи со договорот?

Дали Грција губи со договорот?                    НЕ!

Грција de facto не губи ништо!

Кратко, јасно и едноставно. Сите забелешки на грчката опозиција дека е признаен македонскиот јазик, народ, идентитет и име дури и доколку се основани (а не се), не претставуваат никаква загуба за Грција, како што не претставуваа ниту изминативе 27 години од независноста на Република Македонија, ниту изминативе 74 години од прогласувањето на самостојноста на Македонија на Првото заседание на АСНОМ, ниту ако сакате изминативе 105 години од поделбата на Македонија. Како што веќе рековме во првиот дел, тие претставуваат индивидуални и колективни фундаментални слободи, самоопределување и самоидентификација пропишани со меѓународното право и не може да бидат предмет на никакво билатерално признавање. Понатаму, илузорно е да се тврди дека постоењето на македонска држава, народ и јазик со сегашната големина и капацитет претставуваат воена, национална, историска, економска или каква било друга закана за Грција. Но и во таква констелација, официјалните лица од Првата страна, на уште незасушеното мастило од потписот на договорот изјавуваат дека за нив „народот од РСМ е славомакедонски“, а јазикот е „официјален јазик на РСМ“ (изјава на Алексис Ципрас за Екатимерини, 18.6.2018 година) – нешто што никаде во договорот не е предвидено. Тоа само покажува дека дури и во ситуација на „никаква загуба“ (zero loss) за Првата страна, таа е подготвена веднаш да го прекрши договорот и тој за неа нема никакво значење.

Дали Грција добива со договорот?              ДА!

Да видиме кои се придобивките за Првата страна од овој договор?

Грција добива ексклузивитет на името „Македонија“!

За нашата земја секогаш и секаде ќе мора да се користи новото име „Северна Македонија“, додека името „Македонија“ ќе биде ексклузивитет само за Грција.

Грција добива ексклузивитет на придавката „македонски/а“ во надворешни рамки во сегашен и историски контекст!

За нашата земја во надворешни рамки во пракса најчесто ќе се користи  придавката „северномакедонски/а“, додека придавката „македонски/а“ во сегашен и историски контекст ќе биде резервирана исклучиво за Грција. На пример, терминот „македонска историја“ ќе се однесува на грчкото гледање на историјата на Македонија од антиката до денес и ќе биде единствено нејзин ексклузивитет. Таа ќе може да формира свои Македонска телевизија, Македонски театар, Македонски музеј, Македонска филхармонија, Македонска академија, Македонска банка, додека нашите институции ќе мораат да го користат описот „…на Северна Македонија“.

Грција ја добива позицијата “Erga Omnes”!

Практично Грција не отстапи од нејзината „црвена линија“ и од почетокот до крајот на преговорите ја задржа својата преговарачка позиција за промена на Уставот на Република Македонија и користење на новото име секаде, во секоја прилика и за сите намени, унилатерално, билатерално и мултилатерално (член 1, став 8).

Грција добива ништовност на пресудата од Меѓународниот суд на правдата!

Првата страна се ослободува од најтешката обврска – почитување на пресудата од Меѓународниот суд на правдата кој во 2011 година пресуди дека:

Грција противејќи се на пристапувањето на Македонија во НАТО под привремената референца ја прекршила Привремената спогодба од 1995 година;

сите наводи на Грција дека Македонија ја прекршила Привремената спогодба се отфрлаат;

се очекува Грција во иднина повторно да не го повреди меѓународното право и да делува во духот на „добрата волја“ и

Македонија и натаму може да го користи своето уставно име во односите со Грција и другите билатерални и мултилатерални односи.

Грција добива легитимитет на иредентизмот кон Македонија!

Дали сте се запрашале зошто за Грција, покрај максималистичката позиција за целосна промена на името, отсекогаш во преговорите беше релативно прифатливо името „Северна Македонија“ (изјави на Никос Коѕијас, Алексис Ципрас, Јоргос Папандреу и Константинос Мицотакис за медиумите), а не и другите придавки и додавки кои циркулираа? Одговор на ова дава официјалната грчка историска доктрина за постоење на „Северна Македонија“ како интегрален дел на грчката мегали-идеја. Според оваа доктрина, Македонија „не е целосно ослободена“, односно нејзините јужни делови се ослободени во 1913 година со Балканските војни, додека „Северна Македонија“ која се протега до линијата Дебар (грч. Дивра) – Крушево (грч. Крусовос) – Прилеп (грч. Стиверра) – Неготино (грч. Антигонеа) – Струмица (грч. Астреон) – Гоце Делчев (грч. Неврокопи) сè уште не е ослободена. Иако договорот предвидува дека „страните ја потврдуваат нивната меѓусебна граница како трајна и неповредлива меѓународна граница и ниту една од страните нема да поддржуваат никакви претензии кон кој било дел од територијата на другата страна“ (член 3, став 1) сепак со евентуалниот прием на „Северна Македонија“ во НАТО, Грција ќе биде таа што ќе го „чува“ нашиот воздушен простор како што од неодамна тоа го прави во Албанија и Црна Гора, а не обратно. Впрочем, вакви договори за неповредливост на границите имаше и Германија со повеќето европски држави во мугрите на Втората светска војна.

Дали Македонија губи со договорот?                                ДА!

Практично сето она што го добива Грција претставува загуба за Македонија, но и многу повеќе од тоа:

Македонија неповратно го губи своето вековно, национално, историско и уставно име!

Името „Република Македонија“ и „Македонија“ преведено и непреведено не смее да се користи  никаде во официјалната комуникација во земјата и надвор од неа (член 1, став 7). Сосема јасно и недвосмислено името „Македонија“ ќе престане да постои во контекст на нашата држава.

Македонија неповратно ја губи својата „црвената линија – Уставот не смее да се менува“!

Единствената силна преговарачка позиција  која впрочем произлегува од меѓународното право како единствен codex principalis на малите наспроти големите земји се напушта и неповратно се губи. Македонија еднаш засекогаш се поместува од својата „црвена линија“, додека Грција не.

Македонија неповратно го губи мнозинството земји во светот кои ја поддржуваат и признаваат под нејзиното вистинско име!

Имено, 138 од 195 земји во светот (71%), понатаму 16 од 29 земји-членки на НАТО (55%) и 14 од 28 земји-членки на ЕУ (50%) кои согласно меѓународното право ја признаваат Македонија под уставно име или го користат уставното име во билатералната комуникација ќе мора да престанат да го прават тоа и во иднина да го користат новото име.

Дали Македонија добива со договорот?                  НЕ!

Приврзаниците на договорот кај нас се обидуваат да докажат дека Македонија добива со договорот за името аргументирајќи дека со него Грција ни го признава јазикот, националноста и идентитетот и дека имплементирајќи го истиот по брза постапка ќе ни биде овозможен прием во НАТО и ЕУ. Ние не би можеле да се сложиме со овие аргументи затоа што сметаме дека:

1. Македонија НЕ добива признавање на јазикот и националноста од страна на Грција!

Како што веќе видовме погоре, јазикот, националноста, државјанството и идентитетот се стекнати права и чувства и НЕ СЕ и никогаш НЕ МОЖАТ да бидат предмет на уредување со билатерален договор или билатерално признавање. На светот не постои правен и политички акт што може да поништи или создаде народ, јазик, националност или идентитет туку тоа е резултат единствено на историски процес. Официјалната грчка позиција сега е и во иднина ќе биде дека тие признаваат посебен идентитет и јазик на народот на нејзината северна граница сè додека тој не е и не се нарекува македонски, што пак ќе кажеме, во меѓународното право нема никаво значење.

2. Македонија НЕ добива брз прием во НАТО и ЕУ!

Како што претходно беше објаснето, приемот во меѓународните мултилатерални и регионални организации за кој Првата страна се обврзува да не го попречува (член 2, став 1), не зависи само од Грција. Приемот на Македонија во НАТО и ЕУ може во секој момент да биде попречен од која било земја-членка. Класичен пример е случајот со Турција која преговара за членство во ЕУ веќе неколку децении без изгледи за прием во скоро време. Интересно е тоа што во последниов период, апологетите на ставот за брз прием во НАТО и ЕУ по промената на името ретерираат и сега се говори за „долг и мачен процес, полн со неизвесности“ , „отворање на вратите на Унијата не порано од 2025 година“, „да не се фокусираме на датуми“ итн. Сведоци сме дека на годинешниов Самит на НАТО оддржан во Брисел, Македонија повторно доби одложена покана (со можност за членство не порано од 2020 година), под услов целосно да го имплементира договорот за името. Како што гласи заклучокот од Самитот: „Целосно спроведување на сите интерни процедури пропишани со почитување на договорот за решавање на спорот со името е предуслов за успешно завршување на пристапниот процес.“ Нам не ни е познато како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година кога заклучокот беше дека: „НАТО се согласи дека Македонија иако ги исполни сите критериуми за членство ќе добие покана да се приклучи кон Алијансата откако ќе биде постигнато прифатливо решение за прашањето за името во рамките на ОН.“

3. Македонија НЕ добива гаранција за почитување на договорот од страна на Грција!

Со договорот, Првата страна се обврзува дека нема да приговара на апликациите за членство на Втората страна под името „Северна Македонија“ во мултилатерални и регионални организации и институции во кои таа е член (член 2, став 1). Ова de facto не претставува никаква отстапка од страна на Грција и не претставува никаква придобивка за Македонија од причина што овој член е скоро идентичен со членот 11 од Привремената спогодба со кој Првата страна се обврза да не приговара на апликациите за членство на Втората страна под референцата „бивша југословенска република Македонија“. Привремената спогодба беше прекршена од страна на Грција токму во членот 11 за што беше добиена пресуда од Меѓународниот суд на правдата која Грција de jure мораше да ја спроведе. Дали и колку таа беше спроведена знаеме сите. Според тоа, не постојат никакви гаранции дека откако ќе се извршат уставните измени кај Втората страна, односно Македонија неповратно ќе го смени името, Првата страна ќе го ратификува Договорот (член 1, став 4, алинеи е и ф). Уште сега постојат најави дека мнозинството во грчкиот парламент ќе гласа против ратификација (изјава на Кирјакос Мицотакис за медиумите).

4. Името „Република Северна Македонија“ НЕ претставува замена за референцата од Привремената спогодба од 1995 година!

Погрешно е толкувањето дека овој акт претставува само проста промена на референцата. Ако е тоа така тогаш бранителите на овој став треба да одговорат на прашањето: Зошто тогаш е потребна промена на Уставот и зошто едноставно не се направи анекс на Привремената спогодба со кој референцата „поранешна југословенска Република Македонија“ ќе се замени со нова референца „Република Северна Македонија“?

Во економската наука постои една многу едноставна стратегиска техника за планирање и  утврдување на тоа дали една одлука е добра или не и дали таа треба воопшто да се реализира. Таа техника се вика SWOT анализа и економистите добро ја познаваат. Нејзиниот назив доаѓа од англискиот јазик и претставува акроним од зборовите Strengths (силни страни), Weaknesses (слаби страни), Opportunities (можности) и Threats (закани). Методолошкиот пристап на оваа анализа пропишува изработка на табела во која прегледно се вметнуваат секој од  соодветните параметри. За потребите на оваа колумна изработивме SWOT анализа на договорот за името и ги добивме следните резултати:

Силни страни (2)

Не се менува името на македонскиот јазик

Не се менува кодот МК и МКД во сите случаи, освен кај сообраќајот

Можности (2)

Потенцијално членство во НАТО

Потенцијално членство во ЕУ

Слаби страни (8)

Асиметричност на договорот

Промена на уставното име и користење на новото “erga omnes”

Промена на националноста и идентитетот

Промена на кодот МК во сообраќајот

Промена на називите на институциите

Користење на новото име во комерцијална употреба (губење на економската препознатливост)

Откажување од грижата за македонското национално малцинство

Откажување од симболиката и топонимијата поврзана со егејскиот дел на Македонија

Закани (9)

Исчезнување на македонскиот национален идентитет

Губење на ексклузивноста на името

Буџетски импликации кај институциите заради промената на името

Финансиски импликации кај граѓаните заради промената на личните документи

Промена на историската доктрина за македонската држава, народ и нација

Ништовност на пресудата на Меѓународниот суд на правдата

Легитимитет на иредентизмот на Грција кон Македонија

Губење на поддршката од мнозинството земји кои не признаваат под уставно име

Нема гаранција за почитување на договорот од страна на Грција

Резултатите од изработката на SWOT анализата се толкуваат на следниов начин: Доколку збирот на првиот и вториот ред е поголем од збирот на третиот и четвртиот ред се носи позитивна одлука. Доколку збирот е еднаков или приближно еднаков се препорачува изработка на дополнителни истражувања и анализи за донесување на конечна одлука. Доколку збирот на првиот и вториот ред е драстично помал од збирот на третиот и четвртиот ред одлуката би требало да биде категорично негативна.

Сега ве молам да одвоите време за малку математика која ќе ви помогне да донесете ваш суд во однос на овој договор.

Автор: д-р Горан Ковачев

Заев сака, но не може да и даде на Бугарија

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи“, напиша вчера премиерот Заев и додаде: Јас работам на доближување на ставовите околу разликите, и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!

Не знам од каде да почнам.... Ајде од почетокот. Први Август 2017 година. Денот на потпишување на договорот и изјавата на Заев дека со овој договор Бугарија го „признала“ Македонскиот јазик. Ммммм...НЕ! Единствено место каде се спомнува македонскиот јазик е последниот пасос во кој се вели:
„Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност. “
Значи, согласно уставот на Република Македонија, што значи дека јазикот целиот свој легитимитет го влече од уставот, кој е менлива категорија и постои едвај 30тина години. За разлика од уставот, македонскиот јазик е официјален јазик векови наназад. 
Токму догооворот за добрососедство и лагите што тогаш ги ширеше Заев, се јасен аргумент дека премиерот знаел што го очекува и дека и сега знае што следува. 

Следно, „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“. Јазик не се признава. Јазик  постои и се кодифицира(стандардизира). Тоа што оваа влада постојано повторува дека македонскиот јазик е признат во 1977 година во Атина е само уште лага, со која повторно им се дава оружје на бугарските тврдења дека станува збор за бугарски дијалект. Во 1977 година во Атина со резолуција е усвоена латиничната транскрипција на македонската кирилица. Толку! Не се работи за никакво признавање, затоа што такво нешто не постои! Како тоа некој да ви признае јазик? Кој е тој што го може тоа?

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет“, колку и гордо да звучи, нема никакво значење во спорот со Бугарија и Заев го знае тоа. Софија секојдневно повторува дека тие немаат проблем со тоа што ние денеска сме Македонци и зборуваме македонски јазик, туку со нашето минато. На Бугарија во моментов не и гајле дали сме ние Македонци, туку што тоа биле нашите предци. „Македонија и македонскиот народ се творба на Тито. Излажани Бугари, а македонскиот јазик е само дијакт на бугарскиот“. Тоа е ставот на Софија и во ништо не се оспорува со „гордата“ изјава на премиерот. 

„Етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас“. И со оваа реченица Бугарија нема никаков проблем. Како што реков и пред малку, Софија признава дека сега сме различни народи, со различен идентитет. Тие ја сакаат историјата. Тоа многу отворено го кажа нивниот министер, кога рече дека убаво што Заев прифаќа заедничка историја, само уште да признае дека е бугарска. 

„Јас работам на доближување на ставовите околу разликите“. За некој да работи на доближување на ставовите, прво треба да има став, а Заев го нема. Дури и кога личи дека го има, ЛАЖЕ! ЛАЖЕШЕ дека нема да се смени устав со цел да се смени уставното име! ЛАЖЕШЕ дека со „Преспанскиот договор“ е бетониран идентитетот, но ја изгубивме пола историја (историја +традиција +култура+јазик = идентитет). ЛАЖЕШЕ дека со договорот со Бугарија, Софија го „признала“ македонскиот јазик. ЛАЖЕШЕ дека не постои „Тиранска платформа“. ЛАЖЕШЕ дека сме добиле датум за прговори со ЕУ, барем 12 пати. ЛАЖЕШЕ дека има писмени гаранции за почеток на преговори со ЕУ. ЛАЖЕШЕ дека Бугарија во втората светска војна била само администратор во Македонија. ЛАЖЕ и сега! Заев нема став, затоа што тој не се обидува да го реши спорот со Бугарија за доброто на Македонија, туку за свое добро. Во ситуација кога земјава е задолжена над 60% од БДП (високозадолжена земја), по што му е јасно дека повеќе нема да може да се задолжува и многу скоро ќе остане без пари за плати и пензии, единствен спас му се европските фондови. Во ситуација кога Македонија е 7ма по смртност од Корона, а ситуацијата до прва ќе се влошува, Заев знае дека многу скоро (на пролет) ќе мора на избори. По сите порази, на сите полиња, Заев знае дека неговата политичка кариера завршува со тие избори. Но, не е тоа главниот проблем на премиерот. Она што него навистина го плаши е прогонот кој што му следува. При "All in“ има само две можни. Ги собираш сите чипови (успеси) од масата или губиш се, па дури и слободата. 

Заев во моментиве е давеник, налик Груевски пред неколку години. Разликаата е што Груевски бараше спас кај народот (кој го пљачкаше со години), а Заев очекува да му помогнат странци. Она што сеуште не го разбрал е дека, кога ќе ја изгуби довербата кај народот, странците нема да го есапат. Завршено е! Сега дури и да прифати дека до вчера сме биле Бугари, а јазикот ни е препишан од бугарски буквар од 1943 година, никако не може да му понуди гаранција на Борисов дека тој договор ќе биде почитуван од наша страна. При таков договор, диру ни почеток на преговори со ЕУ нема да му донесе победа на изборите, а тоа Софија го знае. Затоа, сега потписот на премиерот не вреди ништо во Бугарија. Од таму и изјавата на Каракачанов дека изјавите на Заев се празни зборови, му требаат дела. Делата Заев не може да ги понуди! Единствено што може да направи е дополнителна штета во односите со Бугарија со уше некој анекс договор, за кој нормално ќе ЛАЖЕ што подразбира. Ова не значи дека давеникот ќе престане да прета и да се бори за воздух и по цена на други жртви, но крајот е блиску, а СДСМ никако не може да го запре. 

По сите понижувања и неуспеси кои како народ ги доживеавме под оваа владејачка гарнитура, добрата вест е дека за неколку месеци ќе заминат во историјата (во онаа црната). Лошата вест, доколку драстично не се променат работите, е дека Мицковски ќе биде новиот премиер. Сегашниот лидер на ДПМНЕ кој не направи ама баш ништо, да го спречи Заев во своите антимакедонски политики, премиерската позиција ќе ја добие на тацна. Слично како што ја доби и претседателската функција во својата партија. ДПМНЕ под лидерство на Мицкоски не доби ниту едни избори, не оствари ниту една победа! Ако толку може како партиски лидер, колку (ич) ќе може како премиер?

Можеби малите партии (од кои се издвојува Левица) ќе можат да го искористат вакумот, но сеуште е рано да зборуваме за премиер кој не е челен на СДСМ или ДПМНЕ. 

Автор: Пацифист

(Фото) Му се слошило на работа, западнал во кома, а брзата помош го однела... ДОМА

На социјалните мрежи во Фејсбук групата "Стари Скопјани" се најде статус каде еден од членовите на истата група раскажа за случка која се случила во неговото семејство.

Имено, неговиот зет за време на работа му се слошило и се онесвестил. Неговите колеги повикале брза помош, но тие наместо веднаш да го хоспитализираат тие го транспортирале само до ДОМА.

"Состојба тогаш: не зборел, не бил при свест, не мрдал не бил контактибилен. Тој е на возраст од 40 години,а работи во близина на ГОБ "8ми Септември", ( па нели требало прво да го однесат на некакво снимање, преглед и сл, па така барем беше во наше време. Од како го донеле дома му ставиле инфузија и си заминале и ја повикале ќерками од работа. Сега мојот зет лежи во КОМА, не сум по таа струка за да знам што му е, но само лежи без никакви знаци. Денес дојдоа еднаш од брзата помош да му сменат инфузија и оставија некое кесе, па ќерками ми напиша на ливче што се треба да купам од аптека, изгледа ќе треба сами да го боцкаме. Понатаму ќе ве известам како ќе течат работите, но еве како се спремни оние од екипата на Филипче да помагаат на болните во време на пандемија."

"Мајко Македонијо" те ранија, те омаловажија, стана безимена

Ех, Македонијо мајко моја, Те ранија, те омаловажија, стана безимена. Станавме затворен логор. Потпишавме капитулација. Останавме затворена ковид држава. Секој ден гледаме луѓе без насмевка, луѓе со маски и тешки мисли “Како да издржиме и месецов?”. Во држава во која се шири вирусот со невидена брзина, каде секојдневно имаме над стотици заболени. Дури некои се спремаат за избори, народот се заразува.

ИЗБОРИ ЌЕ ИМА! Има ли пилот во авионот со име МАКЕДОНИЈА? Економијата ни тоне, здравството колабира, а сиромаштијата влегува во фаза на ЕПИДЕМИЈА.

Здравствените работници со последни сили се борат, десеткуваани, заразени и деградирани. Некои земаат картички, некои не но сите заедно и сложно се борат против невидливиот непријател. Без нивната храброст и пожртвувсност ќе бевме Вухан на Балканот. Со ваков галопирачки развој на вирусот, со ваква неспособна власт, ќе имаме долго, топло и пеколно лето и многу ладна есен и зима. Државата ќе банкротира со колабирано здравство, пандемија на сиромаштија и корона.

Ех.. МАКЕДОНИЈО.

М-р Боби Бојчевски

Популарно