СДСМ: Десетици илјади граѓани излегоа и прославија ширум Македонија

„Во 15 градови ширум Македонија, со повеќе од 40 музичари и со македонска музика,  граѓаните се сплотија околу националните интереси и го прославија огромниот успех, покана за влез во НАТО и датум за почеток на преговори за членство во ЕУ“ пишува СДСМ во денешното соопштение.

Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ со денови водеше организирана хајка против националните и стратешки интереси на државата, против домашната, македонска музика, против домашните македонски музичари. На крајот, не им успеа, настаните се одржаа, музиката ечеше низ цела Македонија, граѓаните прославија гордо и достоинствено.

„Десетици илјади граѓани, без притисоци, без списоци и уцени како што тоа своевремено го праваше ВМРО-ДПМНЕ, слободно и по сопствена волја излегоа и прославија ширум Македонија.ВМРО-ДПМНЕ мора да се одважи и да престане со создавање поделби и сеење омраза кон граѓани и музичари. Без разлика дали  тоа му се допаѓа или не на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните даваат силна поддршка за интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ. СДСМ им се заблагодарува на сите граѓани што беа дел од синоќешните прослави и изразува благодарност до сите вклучени страни кои ги поддржаа настаните“ стои во соопштението од СДСМ.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно