Денес е ден на клетви и заклетви

Клетва, (к'лначка, кл'најне) Во народото верување спаѓа и клетвата: уд татко, уд мајка, уд кум, уд стар чувек, стара жена, уд сирумах, уд сирак, уд болин чувек, уд поп итн.


Од сите клетви најтешки се татковата и мајчината клетва, потоа кумовата клетва, која според народното верување секогаш се исполнува, и која дури и Бог ја одобрува и ја поткрепува. Се верува дека оној што родителите ќе го проколнат нема да помине добро. Уште повеќе веруваат ако него клетвата не го фати, таа ќе ги стигне неговите деца или внуците, или било кога и било каде од неговите најблиски, макар тоа било и уф дивето колено. Исто така тешка е и прафашке и кумовата клетва. Оној што кумот гол го држел на рацете при крштевањето, тој мора многу да внимава да не го навреди кумот, зашто ако кумот го праклне, „не можат ни три владици да му пуможат."

- Покрај тоа верување кршетеникот мора да го посети кумот на сите поголеми празници и да го моли да му прости, ако со нешто макар и не сакајќи го навредил.

Заклетва. – Покрај клетвата во народот постои и закл'нувајне (заклетва). Закл'нувајнето обично се употребува кога се сака некој да ја каже вистината, кога сведочи или сам се заколнува за да го увери некого во тоа што тој го кажува или го предлага. Се употребува и меѓу жените кога некоја не сака да каже нешто што чула или видела, па другата ќе ја закл'не да ја каже вистината, или кога некоја жена ќе присуствува на некој разговор или озборување па тие две во неа како трета немаат доверба, дека ќе го чува во тајност тоа што го чула тогаш тие ја закл'нуват со зборовите: Жити деца. – Жити младост. – Туку ти две очи. – Жити едно чедо, итн. Кога некоја жена ќе сака да ја увери другата дека тоа не е од неа разгласено или дека таа не е причина за некоја кавга, разнесување на зборови итн. таа се заколнува: „На младоста си да се не наситум!" ако ова или она сум го рекла. – Едно дете имам, живо дома да не гу најдум ако...!" Или: „Нидеља да не прачекум, ако сум рекла."

Или: „Три деца имам сите да ми испукат уф един гроб да и закопам, ако сум кажала", итн.

Но треба да се знае дека заклетвата не се употребува без некоја поголема причина. Мора да е сериозна работата, па така да се заколне било човек или жена. Кога пак некој криво се закл'нуве, народот верува дека било кога ќе го снајде нејкоја несреќа. Обично на таквиот човек никој ништо не му доверува, не позајмува, не го вика за сведок, не сака да сведочи во негова корист дури, дури и да е сосема прав во тој случај. Па да не го презираат само него туку истото тоа неверување и истата омраза, кои ги чувствуваат кон него, ја пренесуваат и на неговите домашни. Само кога ќе се поделат, и ако неговите помали браќа се покажат поинакви, соседите го менуваат мислењето за нив. За таквиот човек велат дека е и од Господа бележан, но не може веднаш да се согледа, дека не е добро, додека човекот не искуси.


Лоши работи. – Иако народот верува дека и доброто и злото идат од Бога, сепак се верува дека покрај Бога кој на луѓето секогаш им мисли добро, освен кога ќе сака да ги проверува има излезено некоја работа, има и некуји работи, кои токму зло му мислат на човекот. Во такви се вбројуваат некои работи или лоши работи се вбројуиваат: самовилите, јуда змеј, Талас'м, муравини, вапири, сенка, ѓавол, ламја, аждер, караконџула, виор и др. Наспроти сиве овие лоши работи, злите духови, се истакнуват: ангел кој секогаш живее кај човекот и го чува од сите лошотии, и одредениот касмет – судбина, или како што велат овде: што му е дадено и што му е пишано од Господ.


Сумувиле – Според народното верување сумувилите се убави недофатливи жени, вечно млади и весели. Тие сакаат да играат оро и разни други игри. Не можат да се претвораат во нешто друго, но имаат крилја и можат да летаат и за миг ги снемува. Исто така исчезнуваат и кога петли ќе запеат. Нив не може секој да ги види. Тој што има силен талас'м (силна ѕвезда), и не лелека од страв кога ќе ги види, туку останува пробран, тој може да ги гледа. Кога човекот ќе наиде на нив, тие обично го шашардисуват (опсенуваат) и се забравуве, и потоа може да го водат дома. Дури утрото кога ќе запеат првите петли може човекот да се спаси од нив. Но сепак, самовилите не се така лоши како јудите.


Јуди. – И тие се жени, но многу лути и опасни. Тој што ќе го фатат обично и го умираат. За нив веруваат дека можат да влезат во телото на некоја жена, по што и таа станува лута и лоша: вика, се дере, се тепа. Кога ќе се освести ништо не знае што било пред тоа. За таквите жени велат: „А фатија јудите". – Јудите преку ноќ ги дават децата.


Змех (Змев). – него го замислуваат со голем стомак, мала глава, кожни крила и со четири нозе. Може да се претвори во што сака: човек, волк, мачка, куче итн. Најчесто се претвора во човек и тогаш кради жени и девојки и ги носи горе во облаците каде што престојува. Таа жена потоа пак ја враќа на земјата, а за сето тоа време жената е во несвесна состојба. За него веруваат дека е многу силен и дека нема сила што може да му се спротивстави. Веруваат дека многу јаде, па затоа и велат за човек кој многу јаде: „Бре, куту змех јаде!"


Талас'м – е чудовиште со голема глава, обраснато со остри влакна. Има многу големи очи. Телото му е замислено како кај човекот. За таласамот веруваат дека настанал од див човек. Многу е опасен, зашто кога човекот ќе наиде на него, толку ќе се уплаши што веднаш му се земаат гласот и силата, по што со ококорени очи се претвора во дрво или камен. Против него не може ништо да се преземе.
Муравини (Сирени)- Нив ги замислуваат како жени, што живеат по реките, обично каде што матицата удира во некој нос или карпа, поради што водата се врти во вител (круг). Од такви места треба човекот да се чува зашто тука најлесно може да се удави. Тие најповеќе се јавуваат од први до петнаесетти август, и за тоа време човек не треба никаде сам да се капи, зашто може муравините да го удават.


Сенки. – Замислени се како ужасно тешки жени, полни со крв, кои ноќе одат по куќите каде што има лиунки (леунки- родилки).


Ѓавул (Враг). – Ги има два вида: ѓаволот е пакосен, тој е задоволен само тогаш кога се напаѓа со нож. Тој е злобен и се претвора во различни животни, само да успее да направи зло. Тој ги скарува луѓето, ги учи што да работат, како да лажат, и е задоволен само тогаш кога ќе падне крв. За него велат дека побегнал од пеколот и дека ги тера луѓето да грешат, за после да идат во пеколот. Поради тоа за некој, што стално прави зло викаат: „Гу утело злото, тоја куси"...


Врагот е замислен како мало немирно дете, кое сака само да ги насекира луѓето и ништо повеќе. Тој обично ќе зафрли некој предмет, особено тој што им треба, и човекот да се убие не може да го најде. Но народот верува дека денес луѓето го победиле ѓаволот, зашто сега тие станале ѓаволи, и кога некој предмет ќе се загуби, и не можат веднаш да го најдат тогаш тие низ бравата протнуваат конец и ја врзуваат бравата. Тие мислат дека ѓаволот го врзале за вратата и така ќе го најдат предметот. Се верува дека на тој предмет седел ѓаволот па затоа не можеле да го најдат додека не го врзале за бравата.


Народот верува дека во недела наутро ѓаволот го праќа врагот да ги лаже луѓето со убави соништа, за да не се разбудат и да не одат во црквата. – Против ѓаволот и врагот се празнува празниците Св. Антонија и Св. Танасија.


Народот верува дека ѓаволот и врагот имаат опашки, уши и на нозете копита наместо прсти. За немирно момче или девојка, велат дека е враг, а за човек кој лаже и сл. велат дека е ѓавол.

Од книгата „Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази" од Стефан Тановиќ, Београд 1927 г.

Ни доаѓа Лазарова сабота, па Цветници - овие работи никако не смеете да ги направите пред Велигден

На 27 април е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Во Македонија групи девојчиња – Лазарки, облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

Лазарова сабота

„Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спасението: да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината. Да одиме чесно како дење“ (2 Кор. 6, 2) – зашто ни се приближува сеќавањето на спасоносните Христови страдања, се приближува нова, голема и духовна Пасха, награда за бестрастието (палмовото гранче), почетокот на идниот век. Тоа го најави Лазар, кога излезе од оние кои се скриени во пеколот; по заповедта на Божјиот Син, Кој има власт над животот и смртта, оној кој четири дена беше во гробот, стана од мртвите. Кога било извршено чудото над Лазар, и кога Христос јасно истакнал дека Тој е Бог, народот го прифатил тоа и поверувал, додека некои кнезови, односно книжници и фарисеи, биле далеку од верата, па неразумно смислувале лоши работи против Него и со своето безумие сакале да Ги убијат Оној, Кој преку тоа што го рекол и направил се претставил како Господар на животот и смртта. Овие зборови, иако заради народот изговорени во вид на молитва, не биле молитвени зборови, туку зборови на власт: „Лазар, излези надвор!“ – и Лазар веднаш, иако четири дена мртов, застанал жив пред Него; зарем не биле едно заповедта и молитвата на Животодавецот? Тој викнал со силен глас, и тоа заради присутните, бидејќи можел не само тивко, туку и само со волјата да воскресне, и тоа оддалеку, додека каменот с? уште лежел над гробот. Тој, пак, му се доближил на гробот и им рекол на присутните да го тргнат каменот, а овие го почувствувале непријатниот мирис на распаѓањето и тогаш Тој со силен глас му се обратил на Лазар, го повикал кај Себе, и токму тогаш го воскреснал. И сето тоа, за тие да видат со сопствени очи, бидејќи биле крај гробот, со сопствениот нос да ја почувствуваат смрдеата на мртвото тело кое четири дена било во гробот, и со сопствениот допир да почувствуваат – затоа што со своите раце го допреле каменот кога го отстранувале од гробот, потоа плаштаницата и убрусот на главата кога го одвивале, како и лично да го чујат Господовиот глас, кој допрел до ушите на сите присутни. Значи, преку сето тоа, тие поверувале дека Тој е Оној Кој „го повикува непостоечкото кон постоечко“, Кој се носи со силата на Своите зборови и Кој на почетокот со еден Свој збор се доведе од небитие во битие. Свети Григориј Палама.

Веднаш по Лазарова сабота е празникот Цветници. Познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго. 

Почина млада српска пејачка

Српската пејачка Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина од рак на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. 

Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.

Хариета на својот Инстаграм профил неодамна раскажа за својата тешка судбина и ги замоли сите луѓе со добра волја да ѝ помогнат преку Инстаграм доколку имаат можност.

По операцијата кога ми ја отстранија дојката, одев на хемотерапии и ми рекоа дека сум здрава, меѓутоа, само два месеци подоцна отидов на контрола и докторката ми најде метастази на вратот – раскажала тогаш Хариета, која по операцијата почнала да добива различни симптоми, почнала да кашла и добила антибиотици.

– Ништо не ми помогна, а потоа отидов на снимање на белите дробови и открија дека имам метастази насекаде по белите дробови. Се чувствувам како да имам еден тон на градите, тешко дишам – раскажала пејачката.

Нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.

Популарно