(ВИДЕО) Пендаровски призна: Грција никогаш до сега не побарала промена на внатрешното име на државата

Националниот координатор за НАТО и истакнат член на СДСМ, Стево Пендаровски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија го призна поразот на владата на Заев при преговорите со Грција за промена на името на државата откако истакна дека од Македонија досега не било побарано да го промени уставното име на државата, односно името кое се користи за внатрешна употреба.

Тој забележа дека целата преговарачка делегација била збунета и изненадена кога на маса се нашле измените во македонскиот Устав кои досега не биле на маса. Пендаровски не објасни како се случило македонската страна да го прифати ваквото грчко барање.

Ерга омнес има две компоненти, внатрешна и надворешна. Грците инсистираа на ерга омнес, надворешната компонента значи секаде во меѓународните организации од кога јас памтам.

Со оглед на годините и стажот паметам одамна. Значи веројатно во 90-тите. Тие никогаш не прифаќаа ние билатерално со некои држави да не реферираат и ословуваат со Република Македонија.

Ерга омнес за внатре стартува сега со обновените преговори од јануари, ако не се лажам февруари оваа година.

И тоа морам да ви кажам нај отворено тоа беше на огромно изненадување на сите нас што сме условно кажано од македонската страна. Бидејќи претходно никогаш тие не барале промена на Уставот.

Тоа се приказни за мали деца дека тие барале уште во 90-тите промена на Уставот. Не е точно. Не ви зборувам што било објавувано во грчки медиуми.

Говорам за она што Нимиц кажувал или што пренесувал како Грчки предлог и што Василакис има кажувано како официјален грчки предлог. Ова дојде сега, истакна Пендаровски.

Се одбележува Денот на планетата Земја

Светот денеска го одбележува Денот на планетата Земја, меѓународна иницијатива чија главна цел е да ја подигне свеста кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата.

Денот на Земјата се чествува по 55. пат. Тој се слави секој 22 април, а првпат тоа се случило во 1970 година во САД, во организација на американскиот сенатор Гејлорд Нелсон и активистот Денис Хејс. За време на првите демонстрации, повеќе од 20 милиони луѓе излегоа на улиците на САД.

Според меѓународната организација „Ден на планетата Земја“, годинава главна тема е борбата против пластиката под наслов „Планетата против пластиката“.

Иницијаторите, инаку, дошле на замислата за организирање „Ден на планетата Земја“ кога светот ја виде штетата од излевањето на 11 милиони литри нафта во Тихиот океан, што се случило како последица на несреќа при работа на нафтена платформа близу Санта Барбара, Калифорнија, САД.

Денот на планетата Земја ширум светот се одбележува со бројни акции, како што се собирање ѓубре, садење дрвја, протести за борба против климатските промени, едукативни работилници итн.

Утре влажен бран со силен ветер и врнежи над 20 литри на метар квадратен

УХМР информира дека утре, под влијание на влажен бран, ќе биде облачно со врнежи од дожд кои особено во западните и јужните делови од земјата ќе бидат пообилни, наместа над 20 литри на метар квадратен, поројни и проследени со грмежи и засилен ветер и над 60 километри на час. Ветерот долж Повардарието ќе засилува и во среда.

Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и грмежи, а потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Од полноќ започнува изборниот молк

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април.

За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори, информираат од Агенцијата за аудио и адиуовизуелни медиумски услуги.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со, или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори.

Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024.

Агенцијата очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

Популарно