Србија бара итен состанок со Македонија и БиХ поради царините на Косово

Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ денеска најави дека ќе побара итен состанок со ресорните министри на Македонија и БиХ по повод одлуката на Косово за зголемување на царините за 30 отсто за увоз на одредени видови овошје, зеленчук и пченка.

Како што изјави Љаиќ, покрај средбата со македонските и босанските колеги на која ќе биде заземен заеднички став и ќе бидат предложени конкретни мерки, ќе побара и итна седница на Комитет на договорот за слободна трговија на земјите од центарлна Европа (ЦЕФТА), бидејќи, нагласи, директно е прекршен овој Договор.

- Косовските институции мора јасно да кажат дали и понатаму сакаат да бидат дел од ЦЕФТА-договорот или не сакаат, рече Љајиќ, кој е и потпретседател на српската Влада.

Тој додаде дека не постои членка на ЦЕФТА на која властите во Приштина и немаат воведено барем по една вонцаринска бариера, а најновата се однесува на сите членки.</p><p>Очигледно е, рече, дека принципите на слободното движење на стоки и услуги за косовските власти важат само тогаш кога нив им одговара.

- Таквиот однос е спротивен, не само на идејата за заеднички економски простор во овој дел од Европа, туку и со темелните вредности на модерната економија во светот, нагласи Љајиќ.

Бидејќи царинските давачки се применуваат исклучиво за сезонското овошје и зеленчук (краставица, домат, пипер, зелка, спанаќ, кромид, моркови, мешунки, компири, лубеница, дињи, јаболко, круша, слива, вишна, цреша, јагода, малини, купини) и пченка, извесно е дека, како што наведоа во Министерството за трговија на Србија, најголема штета од оваа решение на Косово ќе имаат членките на ЦЕФТА-договорот.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно