Проблемот со загадувањето на Скопје вообичаено во лето се заборава, но тоа не значи дека го нема. Напротив, последните бројки на мерена загаденост покажуваат дека главниот град на државава и среде лето е високо загаден.
Во минатата есен и зима Скопје речиси постојано беше меѓу топ 5 најзагадени градови во светот, а неколкупати се искачуваше и на самиот врв на оваа неславна листа. Граѓаните се жалеа дека буквално дишат отров и се задушуваат. Последните бројки на Пм честици покажуваат дека проблемот со загаденост е присутен и сега, но никој не обрнува внимание на него. И додека во зима изговорот за високата загаденост е греењето на домаѓинствата, се наметнува прашањето кој е сега виновен за моменталното високо загадување?