(ФОТО) Како Иван Ракитиќ полуде по заводлива келнерка?

Американскиот портал The Plauers Tribune ја објави животната исповед на фудбалерот на хрватската репрезентација Иван Ракитиќ.

Најинтересниот дел од неговата животна приказна е поврзан со сопругата Ракел. Судбината ги споила на неверојатен начин.

 

🔐#micompañerodevida❤️ @ivanrakitic @clubdeldeportista @salontoro

A post shared by Raquel Mauri (@raquel_mauri) on

„Имам холивудска приказна, вистинска романтична комедија, која всушност е реална. Почнува со еден Хрват кој влегува во бар. Беше тоа 2011 година. Тогаш имав само 21 година. Допатував во Шпанија релативно доцна, околу 22 часот. Дојдов за наредниот ден да потпишам договор со Севиља. Беа закажани медицински прегледи и потпишување на договорот. Мојот постар брат Дејан патуваше со мене. Кога стигнавме во хотелот, имав вечера со некои луѓе од клубот. Бев нервозен таа вечер, знаев дека нема да можам веднаш да заспијам, па го замолив брат ми да одиме некаде на пијалак. Таа вечер ми се промени животот“, вели Ракитиќ и ја продолжува приказната.

 

💏NYC 🔝 @ivanrakitic

A post shared by Raquel Mauri (@raquel_mauri) on

„Жената која тогаш работеше во барот на хотелот беше… вау. Тоа е дел од филм каде што сè оди забавено, ме разбирате? Беше прекрасна. Си реков во себе ок, Севиља, уф, многу ми се допаѓа ова место. Не можев ништо да речам освен здраво затоа што не знаев ниту еден шпански збор. Говорев германски, англиски, италијански, француски и хрватски, но не и шпански. Се чувствував грозно поради тоа.

Беше тоа љубов на прв поглед…

Го погледнав брат ми и му реков. Ја гледаш ли нашата келнерка? Ќе играм тука за Севиља и ќе се оженам со таа девојка. Брат ми почна да ми се смее. Мислеше дека се шегувам“, вели Ракитиќ.

Ракел не паднала веднаш на неговиот шарм.

 

❣️🔗❣️ @ivanrakitic #siemprecontigomivida#vamoscroacia🇭🇷#APortodas💪🏻

A post shared by Raquel Mauri (@raquel_mauri) on

„Барав куќа во Севиља и секое утро одев во барот во хотелот за да испијам кафе и сок, но и да ја видам преубавата келнерка. Сè што знаев за неа беше дека се вика Ракел. Таа не знаеше англиски, а јас не знаев шпански“, открива Ракитиќ и признава дека поради неа испил толку кафе што изгледал смешно.

Меѓу 20 и 30 пати ја повикал убавата келнерка да излезе со него, но таа не се согласила.

„Еден ден Ракел конечно ми објасни зошто не сака да излезе со мене. ‘Ти си фудбалер. Веќе следната година веројатно ќе одиш во друга држава. Жал ми е, но не можам да излезам со тебе’. Си помислив дека сигурно ме видела како играм, па помислила дека нема да бидам премногу добар и дека Севиља ќе ме продаде на лето. Поради тоа почнав да тренирам за да влезам во првиот тим. Ми требаа седум месеци да ја убедам да излезе со мене. На 20 август добив СМС-порака, ‘Во барот е со сестра ѝ на пијалак! Не работи!’ Кој ја испрати пораката, не сакам да откријам. Беше тоа нашето прво излегување“, се присетува романтичниот Иван.

Иван и Ракел се во среќен брак од 2013 година и имаат две ќерки.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно