Кои градови се рекордери: Станува ли мода разводот во Македонија?

Лани во Македонија се развеле 1.994 брачни парови и тоа е над три пати повеќе од 1994 година. Дали сега сме многу понетрпеливи од тоа што биле генерациите пред нас? Зошто разводот е опција? Статистиката е поразителна затоа што намногу се разведуваат млади луѓе најчесто ти ешто биле во брак од 5 до 9 години и парови во кои и двата партнери се со средно школо. Статистиката е поразителна… Прилеп има 103 разводи лани, а Охрид дури 101. Излегува дека Албанците се разведуваат многу почесто од Македоците (ако се земе дека се 25 отсто од популацијата) и имаат 433 разводи, а Македонците 1.090.

Низ македонските судови лани се развеле 1.994 парови. Најмногу разводи лани имало во Прилеп дури 103 и во Охрид 101. Од скопските општини прва на оваа листа е Аеродром со 73 разводи. Очекувано и логично е дека најмногу од разведените двојки се етнички Македонци. Лани се развеле 1.090 македонски брачни двојки, втори се Албанците што го крши митот дека се патријархални и конзервативни. Вкупно 433 албански брачни двојки се развеле. Ако како репер го земеме критериумот дека се 25 отсто од целото население излегува дека тие многу почесто се одлучуваат на развод од Македонците. Ова го покажуваат најновите податоци на државниот Завод за статистика. Ако е за утеха ланската година и не била најстрашна. Во периодот од 1994 година до сега најцрна е 2014 година кога имало 2.210 разводи.

Кои се статистички најризични години?

Според статистичките податоци најризични години за развод се тие кога брачаната двојка е заедно од 5 до 9 години. Тука има дури 146 разводи. Од аспект на возраста на брачните другари најризична група е таа кога мажот и жената се меѓу 30 и 34 годишна возраст. Во таа категорија лани имало 153 разводи. Можеби држи место тезата дека разводите станаа мода. Замислете лани имало дури 19 разводи на брачни другари постари од 65 години!!!

Од аспект на образовната структура најчесто лани се разделувале брачни другари со средно образование. Дури 596 брака се разведени во кои и двајцата партнери биле среднисти.

Само во 4 рурални општини лани немало разводи

На листата на општини во кои немало разводи лани се: Вевчани, Зелениково, Пласница и Лозово. Најмногу разводи имало во Прилеп и Охрид (како што напишавме горе), а на ранг листата се уште Тетово со 88 разводи, покуса не е Струга со 83 разводи, Гостивар со 81, Битола и Струмица со по 74, Аеродром со 73 и Штип со 71 развод. Кисела Вода имала 67 разводи, Гази Баба и Кочани со 62 разводи.

ФОТО: Момче со рак во терминална фаза го теши својот брат

Фотографијата од 15-годишно момче со рак во терминална фаза како го теши својот расплакан брат стана вирална.

Во 2019. година, на тинејџерот Иан му бил дијагностициран остеосарком. По операцијата и неколкумесечната хемотерапија, дознале дека е излечен. Но, во ноември 2021. година, болеста се вратила и се проширила низ телото. На Јан и неговото семејство им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека ќе умре.

Кога Јан ја споделил страшната вест со својот помлад брат Питер, тој се расплакал и липал. Иан силно го прегрнал, да го утеши и му се извинил што не можел да го победи ракот.

Потресната фотографија од трогателниот момент меѓу двајцата браќа на Фејсбук ја објави Бенџамин Елиот од Орегон.

„Иан реши сам да им каже на своите пријатели и помалиот брат дека ракот неизбежно ќе го убие. Мислам дека оваа фотографија го покажува доброто за кое Иан сакаше и се веруваше дека ќе биде споделено. Дури и со катастрофални прогнози, Јан е тој што ги теши другите. Вистината е дека тој одбива да живее за себе. Избра да живее за другите до моментот кога ќе го земе последниот здив“, напишал Елиот.

Стотици ја коментирале фотографијата и признале дека сцената ги скршила.

„Мразам рак“, „Срцето ми е скршено“, „Неверојатен пример за љубов и понизност. Моите молитви се со ова момче и неговото семејство“, напишале некои.

Рецепт за денешен ручек

Рибина чорба

Одберете некое поголемо парче риба или две помали. Ако има во неа икра уште поубаво, ќе ја ставите и неа во чорбата. Рибата исчистете ја, пресечете ја на половина и ставете ја во тенџере со вода на оган, само да ја фати еден клуч, да можете да ја исчистите.

Потоа внимателно исчистете ја од коските. Tаму каде можете, на пр. од долниот дел оставајте поголеми парчиња, не ја ситнете многу. Тргнете го месото настрана. Кромидот изрендајте го и ставете го во тенџерето каде ќе ја варите чорбата.

Таму ставете го и другиот зеленчук. Јас секој од нив го сечкам различно, морковот на тркалца, целерот на ситни коцкички, пашканатот на подолги лентички, лукчето ситно исечкано. Сето ова со малку масло ставете го да се запржи. Потоа турете вода, компирот на најситно изрендајте го и ставете го и него, ставете ја рибата, зачинете и варете се додека не се свари зеленчукот. На крајот прелијте ја чорбата со малку црвена запршка, (ако не ви е доволно густа може и малку брашно да ставите во запршката) и исечкајте го магдоносот. Уживајте, ова ми е една од омилените чорби, особено во зимско време. 

Рецепт за денешен ручек

 Ручек со зелка.

СОСТОЈКИ:

1 главица кромид

1 праз

1 морков

2 чешни лук

1 кг. свежа зелка

1 коцка супа

1 лажиче оригано

2 лажици маслиново масло

1 л. доматно пире

2 л. вода

сол

ПОДГОТОВКА:

Кромидот и празот ситно се сечат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се остава вака 5 минути.

Лукот се сече, морковот се лупи и ренда, па се додаваат на кромидот и празот, и се става уште една шолја вода. Се додава и коцка за супа и оригано.

Зелката се сече ситно, па и таа се става во тенџерето.

Се ставаат доматното пире и водата.

Се динста се околу еден час, па се додава и сол по вкус.

Не и е потребна запршка, убава е вкусна и здрава.

Популарно