Маска од природни состојки која ги брише годините од лицето

Блескав тен без брчки е сонот на секоја жена, и еве како тоа и’ да го постигнете на сосема природен начин. Пробајте го црниот мелем. Која е неговата тајна?

Тајната на црниот мелем е природна состојка – масло од семе од тиква и природен мед. Во студијата „Физичко-хемиски својства на третман на масло од тиква и лекување акни вулгарис“, се анализирал ефектот на ова масло врз кожата и нејзината ефикасност против акутно и хронично воспалување на кожата.

Во истражувањето се прикажани фотографии од луѓе пред и потоа, и евидентно е дека кожата на лицето е подобрена по само три третмани со екстракт од масло,и тоа во 95 проценти од случаите.

Антиејџ ефект 

Маслото од тиква е богато со антиоксиданти кои го забавуваат процесот на стареење на кожата и имаат високо ниво на масни киселини. Овие хранливи состојки ја штитат кожата од оштетување и ја зголемуваат еластичноста.

Витаминот Е во маслото од тиква е исто така висок, и токму овој витамин е познат како „витамин за убавина”. Тој ја прави вашата кожа мека и мазна. Ако сакате кожа како на бебе, ова масло ќе ви даде најдобри резултати. Може да се користи за сите видови на кожа.

Го изедначува тенот на кожата

Драгоценото масло од тиква го изедначува тенот, бидејќи е богато со витамини А, Ц и Е, за кои се знае дека го стимулираат формирањето на здрави клетки на кожата.

Маска

Потребно е: 

1 лажица масло од тиква

1 полна лажичка мед

2 лажички шеќер

1/2 шоља јогурт

Подготовка:сите состојки убаво измешајте ги, маската на лицето држете ја 10. минути и измијте со млака вода. На крај можете да го нанесете редовниот крем за лице. За хидрирана, мека, сјајна, блескава кожа за лице маската правете ја барем еднаш неделно.

Пет видови алкохол што ја уништуваат кожата

Покрај тоа што алкохолот им штети на тежината на организмот и на здравјето, тој не е без последици и за изгледот на кожата.

Употребата на алкохол во мали дози може да има некои придобивки за телото, но оди рака под рака со десетици негативни последици, а меѓу нив, најлошо делува врз кожата.

Петте видови алкохол со негативни последици по кожата на луѓето:

Пиво – го прави лицето подуено поради содржината на шеќер и сол.

Бело вино – многу истражувања тврдат дека по една чаша вино навечер е корисна за срцето, но неодамнешна студија на Универзитет Браун откри дека дури и мала количина вино ја зголемува шансата за црвенило на одредени места поради заситеноста на крвните клетки на површината на кожата.

Црвено вино – природниот шеќер исто така придонесува за зголемено црвенило.

Рум и виски – предизвикуваат акни и водат до предвремено стареење на кожата.

Коктели – Ова е можеби најлошата опција. Тие содржат различни видови алкохол, многу шеќери и конзерванси кои се „катастрофални“ за кожата.

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Spectra NAIL BAR го проширува тимот!

Вработуваме техничар за маникир и педикир со полно работно време.

[☑️] ️ познавање на маникир и педикир

[✅️] нето плата над 25.000 ден.

[✅️] платен одмор, бонуси и K-15

[✅️] неработни денови - недела и празници

[☎️] 075444961

[☎️] 078873703

[📧] [email protected]

Маска од калинка за посветла и помека кожа

Калинката содржи огромна количина на витамини и минерали: А, Б1, Б2, Б4, Б5, Б6, Б9, Ц, Е, Х, К, калиум, силициум, калциум, магнезиум, натриум, сулфур, фосфор, хлор, железо, јод, селен, флуор, хром, цинк, омега-6 и бета-каротен.

Ете зошто маската за лице од калинка е одличен избор за вашата кожа. Добро изгмечете лажица семки од калинка, па измешајте со лажица мед и три лажици маслиново масло. Кога ќе ги измешате сите состојки, додадете 50 мл вода за да се разреди смесата.

Нанесете на чисто лице и оставете да стои околу еден час. Исто така, пожелно е да се втрие во кожата на лицето, вратот и деколтето со нежни движења. Измијте со млака вода.

Популарно