(ВИДЕО) Кутии за мала нужда по улиците на Париз

Низ улиците на Париз се поставени дизајнирани кутии наменети за мала нужда.  Кога парижани ќе имаат потреба да мократ сега тоа ќе можат лесно да го направат на секое ќоше, во специјалните кутии во кои има и засадено цвеќе што ја  неутрализира напријатната миризба на урината.

Одговорните лица сакаат да го решат проблемот со големиот број непримерни граѓани кои уринираат секаде низ улиците на француската метропола.

Кутиите се дизајнирани од нив да излегуваат цвеќиња. Непријатниот мирис целосно е елиминиран благодарение на сламата, која се користи како природно ѓубриво за цвеќињата. Поради тоа кутиите нема потреба да се врзуваат со канализациската мрежа.

Некои граѓани на Париз изразија незадоволство и кутиите ги сметаат за невкусен потег на одговорните служби.

Американка отишла на операција на носот во Мексико, но животот ѝ се претворил во пекол...

Девојка вработена во агенција за недвижности од Далас, моментално е во тешка здравствена состојба поради оштетување на мозокот.

Таа сега е поврзана на апарати за дишење, откако била во Мексико на операција на носот, бидејќи таму трошоците се значително помали, во споредба со САД. Просечната операција од овој тип, чини околу 7.500 долари, а во Мексико чини само една третина од наведената сума.

Вереникот на Авила Лаура, Енрике Круз, заминал заедно со неа на операција и бил покрај неа кога започнал процесот.

Сè тргнало наопаку уште на самиот почеток, кога на девојката морале да ѝ стават анестезија во 'рбетот. Анестезијата ѝ стигнала до мозокот, наместо низ целото тело.

Тогаш престанало да работи и срцето, па лекарите морале да ја стават во вештачка кома, за да го запрат оштетувањето на мозокот. Нејзиниот вереник не бил запознаен целосно со ситуацијата.

„Бев многу загрижен кога не ми дозволија да ја видам“, рекол тој.

Лекарите прво му рекле дека ѝ паднал крвниот притисок и дека не можат да продолжат со операција.

Енџи Авила, рекла дека нејзината сестра Лаура одлучила да се оперира во Мексико, бидејќи трошоците биле значително помали.

Таа работела како агент за недвижности, но и како пејачка и танчерка. Несреќната девојка четири дена поминала во Мексико, а потоа ја префрлиле во болница во САД.

Најпрво ја одбиле три болници во САД, бидејќи не била осигурана. Нејзиното семејство имало проблеми со лекарите во Мексико, бидејќи немале доволно пари да го платат нејзиното лекување.

Кога конечно пристигнале во САД, мозокот на Лаура веќе бил мртов. Нејзината сестра рекла дека ова е страшна ситуација и дека таа повеќе никогаш нема да биде како порано.

Нејзиниот вереник рекол дека заедно поминале 10 години и дека таа секогаш ќе има посебно место во неговото срце.

Енџи Авила отворила страница со цел да собере пари за лекувањето на сестра ѝ. Досега собрале 70.000 долари, а потребни им се 150.00 долари.

Колку треба да трае денот за жените да ги завршат сите обврски?

Научниците дошле до заклучок дека на денешните жени им е потребен ден кој ќе трае 28 часа, за да ги завршат сите обврски.

Шест од десет жени рекле дека им е потребен подолг ден, и тоа за 3 часа и 36 минути. На тој начин би успеале да ги завршат сите работни и семејни обврски, а исто така и социјалниот живот да не им биде запоставен.

Половина од жените кои учествувале во ова истражување, односно 2.000 од нив, рекле дека ги жртвуваат часовите кои се предвидени за спиење, за да можат да исполнат некое лично задоволство, како што е вежбањето или дружбата.

Како што пренесува порталот „The Sun“, тоа значи дека многу жени спијат само по шест часа, наместо препорачаните осум.

Жените кои работат, работното време воглавно им е од 9 до 17 часот, а голем број рекле дека не се случува да излезат од работа пред 19 часот.

Половина од жените изјавиле дека стануваат пред шест часот наутро, а не легнуваат да спијат пред полноќ.

Сето ова предизвикува состојби како што се заморот, проблеми со концентрација, подочници и заморна кожа.

Жените кои биле дел од ова истражување, изјавиле дека доколку има ден кој трае 28 часа, повеќе би се дружеле со пријателите и партнерот, би се посветиле на готвење и пробување нови рецепти и би поминувале подолго време вежбајќи. 

За јакната на Мајкл Џексон издвоил 298.000 долари!

Во саботата на акција за предмети на музичките легенди како Принс, Мадона и Џон Ленон, легендарната црна јакна на Мајкл Џексон била продадена за 298.000 долари. Цената е три пати поголема од првата побарувачка.

Аукциската куќа „Julien’s“, најпрво барала износ од 100.000 долари за јакната која Џексон ја потпишал со траен сребрен маркер, а ја носел во текот на целата светска концертна турнеја.

Тоа е едно од најлегендарните парчиња на покојниот музичар, со црвено-белата јакна од спотот „Thriller“, кое било продадено за 1,8 милиони долари на аукцијата во 2011-та година. Јакната „Bad“, ја продал бизнисменот и филантроп од Тексас, Милтон Верет, заедно со речиси 10 други предмети од својата богата рокенрол колекција.

„Bad“ е седмиот студиски албум на Џексон, кој во 1987-ма година го објавила дискографската куќа Епик. 

Популарно