Елена Велевска си ја отвори душата: Морам да се разведам - насилството стана неподносливо

Познатата пејачка Елена Велевска ги потврди гласините дека се разведува.

- Би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница. Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај. Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам..Животот за нас оди понатаму – напиша таа на „Фејсбук“.

Во Тетово прегазен малолетен пешак

На 24.04.2024 околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово, соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Како да ги обоите велигденските јајца со природни бои

Во пресрет на големиот празник ви претставуваме неколку совети за обојување на јајцата со природни бои. Еве како можете да добиете цела палета на шаренила:

Жолта: Со куркума ќе добиете сончево жолта боја. Со цветови од камилица, бојата ќе биде многу понежна.

Портокалова: Класика во природното фарбање: Лушпи од кромид. Овие се варат заедно со јајцата, а пото се оставаат уште 30-тина минути да се упие бојата. За портокалова боја можете да користите и моркови.

Розе и црвена боја: цвекло или лушпи од црвен кромид даваат навистина убави пигменти. Сакате посветли нијанси: едноставно скратете го времето на јајцата во бојата.

Сина или лила: користете боровинки, аронија, црвена зелка или холундер за да добиете различни нијанси на сини и лила тонови. 

Зелена: коприва или магдонос, како и спанаќ ќе им ја дадат вистинската зелена боја на вашите велигденски јајца.

Кафена: Црн чај или кафе ќе ви помогнат во добивањето на оваа нијанса.

Мал совет: кој сака да ја заврши работата побрзо, едноставно може да користи природни сокови (цвекло, холундер и сл.) или пак прав од куркума.

Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. 

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)

Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %). 

Популарно