ФОТО: Невреме во Скопје - ветерот корнеше се пред себе

Силно невреме проследено со обилни врнежи, грмежи и ветер вчера го погоди главниот град.

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да споделуваат видеа и фотографии од штетите кои ги предизвика невремето.

Во Кадино, силниот ветер успеал го откроне заштитнот лим од автобуската постојка.

Граѓаните не му даваат на „пајакот“ да работи

Популарната „Пластичарска улица“ на Бит-пазар во Скопје и денеска беше преполна со купувачи, продавачи и минувачи, поради што беше исклучително тешко за движење, особено за паркирање.

Возачите ги оставаа своите автомобили каде што ќе забележеа празен простор, поради што пристигна и „пајак“ службата за да го расчисти хаосот. Но, тоа не им се допадна на нервозните граѓани, кои не дозволуваа да се соберат непрописно паркираните возила. Ситуацијата беше тензична.

ФОТО: Возач на ЈСП херој на денот

Постот објавен на социјалните мрежи ги критикува возачите кои се паркирале на постојката и лицето со количка не може да влезе во автобусот.

Ние, иако сме познати по критиките, денеска решиме да го смениме правецот на оваа приказна и наместо да ги критикуваме оние кои погрешно се паркираат (свесни дека 100% го заслужуваат тоа) ние решивме да го истакнеме потегот на возачот кој го паркираше автобусот и излезе да помогне лицето со инвалидска количка да може да влезе во автобусот. Браво.

Популарно