ФОТО: Џенифер Лопез во шик Гучи фустан

За Џенифер Лопез нема пауза. Додека активно се подготвува за настапот на MTV VMA, музичката ѕвезда со стилски изглед привлекуваше погледи во Њујорк.

49-годишната пејачка и актерка избра фустан од твид од модната куќа Гучи за нејзиното излегување со саканиот Алекс Родригез. Модерниот стајлинг таа го надополни со обувки од Џанвито Роси и чанта од Шанел.

На годинешните MTV VMA, Лопез ќе биде почестена со „Michael Jackson Video Vanguard Award“, награда која им се доделува на личности со особен придонес во музиката и филмот.

ФОТО: Татјана Стојановска го прослави роденденот

Македонската презентерка вчера го прослави својот роденден,. Вистинско изненадување ѝ приредија и колегите од Канал 5 телевизија, кои за неа направиле персонализирани чоколади, со нивна заедничка фотографија.

Секако, роденденот не помина без торта. Семејството дома ја дочека водителката со торта и свеќи.

ФОТО: Ким и Каније повторно го зголемуваат семејството?

Може да се каже дека Ким Кардашијан и Каније Вест се екстравагантни и чудни дека веќе не знаат што да прават од толкава слава и богатство, но да бидеме реални, семејството им е најважно.

Брачниот пар во 2013-та година го доби првото дете, ќерката Норт, а веќе во 2015-та година им се роди синот Сејнт. Со оглед на тоа дека имала проблематична и ризична бременост, третото дете, девојчето Чикаго во 2018-та година го родило сурогат мајка.

Меѓутоа, семејството Кардашијан Вест не сака да застане на оваа бројка и одлучиле да посвојат момче од Ерменија.

„Во контакт се со сиропиталиштето во Ерменија, кое го посетија пред три години и веројатно наскоро ќе отпатуваат таму“, открил близок извор на семејствотот.

Иако Ким и Каније понекогаш донесуваат по малку луди одлуки, ова мора да го поздравиме и се надеваме дека со тоа ќе мотивираат и други парови да го направат истото.  

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

😄

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Шерил Кол: "Таткото на моето дете е единствениот маж што не ме изневери"

Британската пејачка Шерил Кол, проговорила за својот љубовен живот.

Познато е дека била во брак со фудбалерот Ешли Кол, потоа со Жан Бернард Фернандез Версини исто така во брак, за по два разводи, со пејачот Лиам Пејн да го добие синот Бер. 

За жал, и врската со Лиам не траела долго, па парот по две години врска се разделил.

Изгледа дека Шерил баш и нема среќа во љубовта, а таа тврди дека токму мажите со кои била, биле причина за разделбите.

Познато е дека фудбалерот Ешли Кол ја изневерил и за тоа дознала целата јавност, а сега убавата пејачка тврди дека ја изневерувал и претходниот сопруг.

Досега останало неразјаснето зошто Шерил и Жан Бернард се разделиле, но пејачката во интервјуто за "The Sunday Times Style" ја открила причината.

Нејзината изјава имплицирала дека тој и бил неверен, иако не влегувала во детали.

"Лиам е единствениот маж кој ми беше верен", рекла пејачката.

Шерил додала дека моментално нема желба да започнува љубовна врска со било кој и дека во синот Бер крај себе го има човекот на своите сништа.

Признала дека е опседната со синот и дека токму тој бил причината поради која се оддалечила од таткото на своето дете, Лиам Пејн.

Популарно