Кијану и јас сме во брак веќе 26 години

Американската актерка Винона Рајдер смета дека е во брак со колегата Кијану Ривс веќе 26 години. 

Додека ја промовирала новата романтична комедија Destination Wedding, во која игра со Кијану Ривс, таа открила дека имала вистинска свадба со него во 1992 година, за време на снимањето на филмот “Дракула”.

Актерите играле заедно во хорор филмот, а нивните ликови, Мина и Џонатан Харкер, се венчале според сите црковни правила во грчка православна црква во Лос Анџелес.

– Навистина, се колнам, мислам дека ние сме навистина во брак. Во таа сцена, Френсис (режисерот на Дракула) користеше вистински свештеник, кој ја спроведе целата церемонија. Мислам дека сме во брак, рече Винона.

 Дека на венчавката се почитувале сите црковни правила потврдил и режисерот Френсис Форд Копола.

– Тоа беше многу автентично, церемонијата беше прекрасна, и имавме вистински свештеник за тоа да го спроведе. Така, кога се заврши, сфативме дека Кијану и Винона се навистина во брак, како резултат на сцените и свеченоста, коментира тој.

Тогаш Рајдер имала само 21, а Ривс 28 години.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд ќе стане татко

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо.

Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

– И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа, изјави Кавил (40).

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавија на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија

Видео: Хју Хефнер е погребан до Мерлин Монро- причината е бизарна

Многу фанови деновиве се сеќаваат на поранешниот шеф на Плејбој, а една од најбизарните работи што ги правел во животот се однесувала на Мерлин Монро. Имено, неговата желба била да биде погребан покрај познатата актерка.

Хефнер почина во септември 2017 година, а неговите посмртни останки се наоѓаат во криптата на гробиштата на Меморијалниот парк на селото Пирс Брадерс Вествуд во Лос Анџелес - веднаш до Монро. Тој платил 75.000 долари во 1992 година за да биде погребан покрај холивудската ѕвезда, иако парот никогаш не се запознал. Хефнер тврдеше дека таа е најзаслужна за успехот на Плејбој, а тие биле на иста возраст, поради што чувствувал „двојна врска“ со неа.

Хефнер одлучил години пред смртта да биде погребан до неа. „Верувам во симболични работи. Да се ​​помине вечноста покрај Мерилин е премногу слатко за да се избегне“, изјавил тој за Лос Анџелес Тајмс во 2009 година. Хефнер ја направи Монро икона на Плејбој откако тој купи неколку нејзини голи фотографии кои таа се согласила да ги направи кога немала пари.

Кога потврдил дека платил 75.000 долари за да биде погребан до актерката, феминистките истакнале дека Хефнер ги објавил нејзините разголени фотографии без нејзина согласност и не ѝ платил ни пара. Всушност, кога се согласила да се фотографира во 1949 година, за нив ѝ платиле само 50 долари, а потоа побарала од фотографот да се обиде да ги замагли за да не биде препознатлива.

Хефнер подоцна платил 500 долари и ги објавил на централно место во првото списание Плејбој. Во 2011 година, Хефнер му рекол на Пирс Морган: „Таа всушност беше во класата по глума на брат ми во Њујорк. Но, реалноста е дека никогаш не ја запознав. Еднаш разговарав со неа на телефон, но никогаш не ја сретнав. Таа замина, за жал , пред да дојдам овде“, призна тој.

Популарно