CITROËN C3: 400 000 ПРОДАЖБИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 ГОДИНИ!

За неполни две години од неговото лансирање, новиот C3 веќе достигна 400.000 продадени возила, вклучувајќи 160.000 од почетокот на годината, со што ова возило е најпродаваното од Citroën. Во Европа, се бележи пораст на  бројот на нарачки од 12% само во првото полугодие, со што новиот C3 се вбројува во листата на ТОП 5 од својот сегмент.

Промовиран пред помалку од две години, во ноември 2016 година, новиот C3 досега има веќе продадено 400.000 парчиња, вклучувајќи 160.000 од почетокот на 2018 година. Третата генерација од ова повеќенаменско  градско возило од Citroën, ужива голем успех, со зголемување на продажбата за 12% во Европа само во првата половина од 2018 година, со што новиот C3 се вбројува во ТОП 5 од својот сегмент.

Најпродаваното возило од гамата на Citroën, новиот C3 е прво возило кое придонесува за новата продажна офанзива на компанијата: во првото полугодие од 2018 година, меѓународната продажба на Citroën забележа зголемување од 9% (во споредба со првата половина од 2017 година) со најголем удел во Европа за овие 7 години.

Заводливата моќ на Citroën C3 е илустрирана со богат производствен микс коj го прави ова возило најпримамливото возило за купувачите:

- околу 40% од нарачките се со највисокото ниво на опремeност (3-то ниво Shine)

- над 65% од продадените возила се со опцијата bi-ton

- над 55% од продадените возила се со Airbump®

- речиси 25% од продадените возила се со избрана боја на внатрешноста на возилото

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно