ФОТО: Фиат Цаноски ја омажи ќерката

Познатиот биснисмен и сопственик на универзитетот ФОН, Фиат Цаноски вчера направи свадба за ќерката Егзона Цаноска.

Егзона во мај годинава, се вереше со Мехмед Џан од Скопје со кој се во љубовна врска една година.

За шминката и фризурата на невестата беше заслужен стилистот Арменд Рамадани. Егзона објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил со хаштаг #MeetTheMemeds

Во мај годинава, синот на Фиат, Сефер Цановски се ожени по втор пат и правеше свадба во Истанбул со Сезен Баш германка со турско потекло.

ФОТО: Лејди Гага го враќа гламурот во Холивуд

Славната пејачка и по ново, актерката буквално заблескала на премиерата на својот филм "A star is Born", во Лос Анџелес.

Лејди Гага одлчила да го врати гламурот во Холивуд, во раскошна тоалета, од модната куќа "Givenchy", изработена од сребрена чипка.

Покрај долгата тоалета, која се влечела по земјата, барем еден метар после неа, пејачката се накитила и со сребрен накит, а со бојата на тоалетата ја ускладила и шминката, поточно сенката за очи, додека усните ги нагласила со црвен кармин, исто како дивата во Стариот Холивуд.

Старите Холивудски времиња ги презентирала и со косата која ја обоила во ладна, руса нијанса и ја обликувала во гламурозни локни.

Инаку, откако го промовира својот филм, Гага се појавува само во фантастични изданија, но овојпат се надминала себеси. 

(ФОТО) Лила за синот Филип: „Може сум го родила, а не се сеќавам“

Синот на македонската водтелка Лила Филиповска денеска слави роденден. Гордата мајка на својот Инстаграм профил објави фотографии со кои му го честиташе роденденот на својот син.

На едната од нив во описот дури и се пошегува: „Може сум го родила, а не се сеќавам“. Погледнете ги фотографиите:

ФОТО: Ќерката на Сузана Манчиќ се омажи тајно со 20 години постар маж

Ќерката на Сузана Манчиќ ги изненади сите па дури и мајка си со тајна венчавка. Во Лас Вегас тајно се омажила за 20-години постарото момче, инаку бизнисмен.

Теодора периодов е во Србија, по прошетките по светот.

Популарно