ВИДЕО: Сега се само минато - Вака изгледаа Емина и Мустафа на свадбата

Музичкиот пар Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал пред извесен период одлучија да стават крај на својот брак кој траеше десет години.

Пред бракот тие беа во љубовна врска четири години, а ги имаат синовите Јаман и Јавуз.

Иако многумина сметаат дека нивната приказна не требаше така да заврши, Емина и Мустафа останаа во добри односи поради нивните деца.

Сега на социјалните мрежи се појави фотографија од нивната свадба која се случи на 13 јануари во 2008 година во ексклузивен хотел во Истанбул.

ФОТО: Сузана Турунџиева кажа кој ѝ е најголема љубов

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева не ја крие радоста откако ѝ се роди внук, син на нејзината ќерка Лора. Сузана сега објави прва фотографија со внукот и откри дека нема поубаво чувство од тоа да си баба.

„Само што (конечно) научив да се сакам себеси… Се појави некој кого го сакам повеќе од мојот живот. Што да ви расправам… Љубов е тоа, невидена! Фала ти животе што ме љубиш повеќе од што јас самата себеси умеам да се љубам“, напиша Турунџиева.

(ФОТО) Миа Костова: „Оваа обична девојка те сака тебе, ама ти не ја разбираш“

Познатата водителка Миа Костова на својот Инстаграм профил објави фотографија, во чиј опис напиша емотивна порака. 

- Една сосем обична девојка што не сака обични работи. Ни обични денови, ни врски, ни релации, ни обични патувања, ни обично вино, ни обично сирење, не сака обични муабети, ни обична љубов, дури ни обични караници. Не сака обична боја на коса ниту обичен накит. Обично те сака тебе, ама обично не ја разбираш - напиша водителката. 

ВИДЕО: Тамара Тодевска се расплака во емисија

Македонската пејачка и претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска гостуваше во емисијата „Б.“ каде низ фотографии се потсетуваше на разни периоди од својот живот.

Кога водителот ѝ покажа фотографија од нејзиниот пријател, прерано почитаниот пејач Влатко Илиевски, Тамара не можеше да ги задржи солзите.

„Тој беше многу добар човек, многу добро дете. Беше светла точка во мојот живот. Човек со кого детството го поминав. Учевме заедно во средно музичко. Тогаш, почнавме да се дружиме. Памтам како вчера да беше кога се сретнавме во парк и се спријателивме првиот ден. Како што се спријателивме така не се разделивме “ кажа Тодевска.

Влатко Илиевски почина минатата година на 6. јули. 

Популарно