Автобус удри во надвозник, многу повредени

Во 12 часот на улица „100“ во село Волково, скопско, 43-годишниот Д.Б. од село Волково, скопско, управувајќи автобус удрил во бетонски столб од надвозник.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците Б.Д.(81), М.Т.(84) и З.П.(78), сите од Скопје. Лицата се пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза" и Градска општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош и се задржани на понатамошно лекување. 

Во незгодата исто така седум патници се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

„Поздрави ја Јована сега сте заедно и горе"

26-годишниот Стефан Илиќ кој ја носеше својата сопруга Јована на породување, при што во нив се заби автобус, па тој почина на лице емсто, а таа во болница откако и го извадија бебето, е испратен во вечниот дом.

Ден по трагедијата во која тој почина, почина и неговата сопруга и покрај напорите на лекарите, а бебето се бори за живот, се напѓа приклучено на апарати и докторите прават се за него.

Оние кои го познаваат парот велат дека многу се сакале и дека таква љубов еднаш се случува. Тој бил заљубен во неа до уши.

Семејството го испрати во вечното живеалиште скршено од болка. - Сине мој што ќе правам без тебе Стефане, викала неутешно мајката.

- Поздравија својата Јована, сега сте пак заедно, викала таа.

Инаку, докторите рекоа дека ако бебето преживее ќе се вика Вук.

Скопјанка повредена во автобус на ЈСП

Во 07,05 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Кузман Јосифовски-Питу“ додека 51-годишната А.К. од Скопје се качувала од задната врата во автобус на ЈСП број 35, управуван од 55-годишниот З.П. од Скопје, вратата се затворила и А.К. се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

Се работи на расчистување на случајот.

ТРАГЕДИЈА: 15 годишно девојче загина во сообраќајка кај Струмица

Петнаесет годишно девојче од селото Радово загина утрово во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Дабиле, а две лица се повредени и се пренесени во струмичката болница.

Според полицијата, во 4,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон селото Дабиле патничко моторно возило „фолксваген кеди“ со струмички регистарски таблички излетало од патот.

Возилото го управувал Ф.С.(21) од село Радово. Покрај него е повредена и другата сопатничка Н.С.(21) , од истоименото село.

Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР Струмица.

Популарно