Мицковски: Ќе одбијам амнестија за Груевски и Мијалков и нема да го подржам референдумот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 24 на прашањето дали ќе прифати амнестија за Никола Груевски и Сашо Мијалков, во замена за поддршка на референудмот, рече дека ќе одбие таква понуда.

- Не знам на што би се однесувала таа амнестија. Но, ќе ви одговорам, ќе одбијам. Но, не знам за што би била таа амнестија, за никој од нив нема правосилна пресуда.

- Ние како ВМРО-ДПМНЕ и нашата анализа и анкети и водени разговори со граѓаните, донесеовме одлука на граѓаните да им понудиме одлука најдемократска на свет, сами да одлучат како да постапат на референудмот. Едносглавно ЦК му даде легитиметет на овој став, рече Мицкоски за T24.

Се запали кровот на приемното одделение во Идризово

Во приемното одделение на затворот Идризово избувна пожар во кој е зафатена кровната конструкција. Пожарот за кусо време е локализиран. Нема повредени лица, а според првичните информации причина е најверојатно застарената електрична инсталација, изјави за „А1он“ директорот на КПД „Идризово“, Боби Мојсоски.

Триесест и седум осуденици кои биле во ова одделение се префрлени во други објекти.

Во гаснење на пожарот е интервенирано со 12 пожарникари и со пет возила.

ФОТО: За Жерновски ние сме „Поранешни Југословени“!

Делегација составена од претседателот Георге Иванов и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, деновиве учествуваат во 73-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Иако, се во иста делегација Жерновски се пожали дека бил игнориран од Иванов.

На својот Фејсбук профил тој укажа дека вчера во салата на Генералното собрание седеле на иста маса со Претседателот, но не размениле ниту еден збор. Иванов во четврток ќе настапи со свој говор пред ГС на ОН.

- Претседателе Иванов, македонската иднина е наша заедничка одговорност. Вчера седевме заедно, еден до друг, во Генералната асамблеја на ОН во Њујорк. (Не)очекувано, не разменивме ниту еден збор. Знаеме зошто - иако седиме под исто знаме, ние имаме спротив(ставе)ни гледишта за клучното прашање што ја детерминира иднината на нашата земја, наведува Жерновски.

Тој додава дека седеле на маса со табличка на која пишува „Бивша југословенска Република Македонија“ и дека Иванов не е во право што повикува на бојкот на референдумот.

- Тоа е вистината, Претседателе, која Вие намерно и свесно ја премолчувате. Затоа, морам јавно да Ве прашам: ова ли е името кое го браните? Ова ли е името кое сакате да ни го сочувате? И двајцата многу добро знаеме дека со бојкотиран референдум, ние за светот и во наредните децении ќе бидеме “поранешни југословени” кои чекаат пред затворените врати на ЕУ и НАТО, укажа Жерновски.

Тој го повика претседателот да размисли како ќе се обрати во ОН.

- Зарем немаме сила да му покажеме на светот дека Македонија секогаш мора да настапи во ист дрес, особено надвор. Нашите граѓани, нашите деца очекуваат да им обезбедиме сигурна иднина, а тоа претставува наша заедничка одговорност, стои на фб статсусот на Жерновски.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Жерновски утре има работна вечера со високота преставничка за надвореша политика на ЕУ, Федерика Могерини, и со шефовите на држави од Западен Балкан. Претходно ќе има и средба и со Метју Ниумиц, медијаторот на ОН во процесот за решавање на спорот за името.

Агатангел за Заев: Се колнеше водецата, татко, дедо и издиша

На 30 септември да бојкотираме. Да си останеме дома , да ја пуштиме Васка Илиева и да ги пееме нашите македонски песни.

Само така ке може да го зачуваме своето достоинство и на 1 ви октомври да излеземе со гордо кренати глави, порача владиката Агатангел на денешната божествена света литургија што се одржа во црквата Св.Кирил и Методиј во Велес.

На самиот почеток на обракањето на присутните им кажа дека ова е можеби еден од последните пати кога верниците се собираат под името Македонска првославна црква, јавува дописничката на ТВ Алфа Александра Ристевска.

Таа пренесува дека во своето обракање митрополитот Повардарски истакнал дека ние не сме против ЕУ и НАТО, но да се бара промена на име е најголемата жртва што може да ја даде еден народ.

Голготата на македонскиот народ почна со Тиранскиот договор, а изминатиот месец дозволивме многу мисионери да ни го труат умот, рекол владиката Агатангел

“По 30септември македонскиот народ ке добие камшици по своите грбови.

Ќе немаме македонска армија, македонска академија на науки, а внуците ке се срамат од своите дедовци бидејки од македонци, дозволиле да се прекрстиме во северномакедонци.

И верниците кои денес беа на литургија се согласуваат дека промената на името е најголемата жртва што Европа ја бара од нас”,

рекол митрополитотот Повардарски според кого на многу верници им било забрането да дојдат на литургијата, а им се заканувале и со бркање од работа.

Се колнеше во децата, татко, дедо и дека нема да менува име додека дише но сепак издиша, рекол Агатангел на литургијата во Велес.

Репортажата на Алфа од Велес на овој ЛИНК

Популарно