Тито и неговите жени

Дека Тито не можел без Даворајнка ниту една минута говори и настанот што се случил негде во Босна. Врховниот командант имал свој шатор, но тенките платнени прегради не можеле да го задржат гласното стенкање и воздишките на љубовното уживање на неговата млада секретарка. Од партизаните се барала крајна воздржаност во љубовниот живот, а за прекршителите билo пропишанo дури и стрелање, која често била и извршувана.

Но, за другарот Стари важеле некои други правила. А правило било дури и брачните парови, доколку имало такви, да не смеат да бидат во иста просторија, значи сексуалната воздржаност важела и за нив, иако се венчани сопруг и сопруга. Наспроти тоа, во една таква ситуација, додека Даворјанка стенкала во шаторот на Тито, во посета повторно дошла некаква словенечка партизанска делегација, предводена од Лука Лескоушек.

Делегацијата стигнала на договорениот состанок пред Шаторот на Врховниот командант во многу незгодно време. Словенците слушнале гласни љубовни воздишки па одлучиле да се вратат подоцна. Кога по извесно време дошле повторно, Тито добро расположен ги дочекал пред бирато со машина за пишување:’ Добро е што задоцнивте на состанокот, зашто и онака морав да завршам една многу важна работа!’

Мистериозниот гроб во паркот на Белиот двор во Белград!

Според тоа, Тито очигледно бил многу задоволен од љубовните мајстории на Даворјанка, па затоа наспроти незадоволството меѓу луѓето од неговото опкружување од неа, не размислувал да ја тргне и да ја прифати Херта Хаас со која се сретнеле во Јајце во ноемрви 1943-та година. Инаку, Зденка како Титова воена придржничка ги поминала сите најтешки искушенија на војната, приживувајќи ги меѓу другото и битката на Неретва и онаа на Сутјеска, а одвај избегнала сигурна смрт и во операцијата ‘Конски скок’, германски воздушен десант на Дрвар во 1944-та година.

Извесната Блаженка Мимица ја познавала Даворјанка уште од студентските денови и таа ја опишува како невротична, нарцисоидна и немарна девојка. Куцала на машина за пишување ужасно лошо, бркала географски поими, па и дати. Поради нејзината немарност до ден денес не е јасно дали денот на Армијата на бивша Југославија бил на 21 или на 22-ри декември. Подоцна е избран 22-ри декември, иако многумина сметаат дека Зденка погрешно ја запишала таа дата. Се’ уште има сведоци кои го доживеале и нејзиниот нервен слом во Дрвар, кога германските падобранци веќе го држеле под оган влезот на пештерата во која бил Тито и целиот Главен штаб. Со хистерични, гласни испади, Даворјанка му забранувала на Тито да излезе од пештерата, всушност да побегне по сувото корито на рекичката кон посигурен заклон. Борците биле одлучни на лице место да ја убијат. Со хистеричното врескање ја откривала нивната позиција. Од сигурна смрт од партизански раце ја спасило само тоа што била Титова интимна пријателка.

Набрзо потоа кај Зденка почнала засилено да напредува туберкулозата, па две години подоцна го напуштила овој свет.

Мистериозната Даворјанка Пауновиќ е закопана во паркот на Белиот двор. Изборот на местото на погребот бил нејзин; таа го натерала Тито да и’ вети дека ќе ја закопа токму во Белиот двор, па така барем двапати дневно ќе мора да поминува крај нејзиниот гроб: првиот пат кога од резиденцијата во Ужичка 15 оди на работа во Белиот двор, а вториот пат кога ќе се враќа дома. Таа необична желба, Тито ја почитувал. Зденка е погребана како партизанка, на осамено место, без надгробна плоча и без вообичаени погребни церемонии.

Подоцна Јованка Броз барала посмртните останки на Даворјанка Пауновиќ-Зденка да се пренесат во семејната гробница во гробиштата во Пожаревац, но Тито одбил. Зденка сепак има свој гроб и во Пожаревац, со надгробна плоча, но гробот е празен. Вистинскиот гроб на Даворјанка Пауновиќ велат дека уште е недалеку од влезот во Резиденцијалниот парк на Дедиње, а тоа, во 1980-та година, на Владимир Дедијер му го потврдил и Никола Мандиќ, добар познавач на состојбите во резиденциите на Тито. Значи, и по смртта на Тито, гробот на Даворјанка останал на старото место. Иако сега нема многу посетители на Белиот двор, сепак главна знаменитост што сите сакаат да ја видат е гробот на Даворјанка Пауновиќ-Зденка, воената интимна пријателка на Тито. Таа е погребана на Дедиње, спротивно на сите прописи, но велат дека и сегашната српска власт не сака да чепка по нејзините посмртни останки. Тоа би можело да се направи само доколку побара некој од нејзините роднини, но такви во Србија нема – единствената нејзината сестра од тетка, нивните мајки се родени сестри, е Мирјана Марковиќ- Милошевиќ, сопруга на Слободан Милошевиќ, која сега живее во Москва и никој не знае кога и дали некогаш ќе се врати во Србија.

Како Јованка станала љубовница на Тито?

И, на крајот, да го завршиме овој текст за љубовните приказни на Тито со она со што почнавме, со Јованка Броз. Јованка Будисављевиќ е родена 1925-та година во селото Пеќани, во Лика, во близина на (Титова) Кореница, во православно, српско семејство. Татко и’ Миќо Будисављевиќ бил угледен селанец, кој повеќепати престојувал во Америка, па добро говорел англиски јазик. Никогаш не бил член на КПЈ, но бил познат како човек кој е против секаква неправда. Негеовата најстара ќерка Јованка во селото завршила четригодинишно основно образование, а дури подоцна, во Белград, и вечерна гимназија.

Целиот текст прочитајте го на Денешен.мк

Денеска ќе бидат сослушани осомничените за убиството на малата Данка

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар утрово од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), јавија српските медиуми.

Тие денска ќе бидат сослушани. Нивниот притвор изминува на 3 мај. Вчера мајката на Дејан Драгијевиќ беше донесена во обвинителството и го искористи правото да не сведочи.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, се осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага веќе 13 денови.

Српски медиуми јавија дека тие ќе бидат испратени и на психијатриско вештачење.

Последен ден од изборната кампања пред парламентарните избори во Хрватска

Учесниците на изборите за хрватскиот Сабор официјално можат да ги претстават своите програми и кандидати денеска до полноќ, кога почнува дводневниот изборен молк, а два часа пред полноќ почнуваат изборите за Парламентот во странство, во Австралија.

Изборниот молк во Хрватска ќе трае до среда, 17 април, до 19 часот, односно до затворање на околу 6.500 избирачки места, пренесува Хина.

На почетокот на изборниот молк, 17-дневната официјална кампања ќе заврши пред изборите, кои наместо в недела, овојпат се одржуваат в среда, а на кои се кандидираше претседателот на Републиката Зоран Милановиќ oд листата на СДП, како кандидат за премиер. Негов главен ривал е актуелниот премиер Андреја Пленковиќ од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Аналитичарите очекуваат дека ХДЗ ќе победи на изборите, но и дека партијата нема да може сама да формира влада, додека ако СДП се обиде да формира влада, ќе и бидат потребни партнери од десницата.

Социјалните, економските и надворешнополитичките прашања беа на маргините за време на кампањата, иако ХДЗ на Пленковиќ долго време беше предмет на критики поради бројните корупциски скандали и злоупотребата на фондовите на Европската Унија. Иако Пленковиќ негираше вмешаност на партијата во скандалите и изјави дека платите во Хрватска пораснале за 8,6 отсто во однос на 2023 година, а земјата забележала економски раст од 2,8 отсто, многу повисок од просекот во ЕУ, довербата на гласачите сепак опаѓа.

Последните анкети покажуваат дека ХДЗ, проевропска десничарска партија која ја водеше земјата независно или во коалиција 26 од скоро 33 години откако Хрватска прогласи независност, може да смета на 60 места во 151-члениот парламент – шест помалку од претходно.

СДП може да смета на три пратеници повеќе отколку што има сега – 44 наместо 41, покажуваат анкетите.

Самиот Милановиќ предизвика вознемиреност, главно на меѓународната политичка сцена, противејќи се на зголемувањето на помошта за Украина, за разлика од повеќето членки на ЕУ, а понекогаш настапуваше и со отворени проруски ставови, наведува Би-Би-Си.

Предизборната игра се вртеше околу имињата на претседателот на републиката и премиерот, чиј конфликт веќе неколку години е во центарот на хрватската политика.

Кога Милановиќ на 15 март објави дека „дојде време да се оседлаат коњите“, објавувајќи ја својата кандидатура за премиер на изборите на 17 април, предизвика вистински земјотрес на хрватската политичка сцена.

Уставниот суд набрзо му забрани на Милановиќ директно учество на изборите и премиерска кандидатура се додека не поднесе оставка од претседателската функција, што до ден денес не го сторил.

Милановиќ најави катарза и „запирање на хрватската трагедија“, а од СДП главно ја обвинуваа ХДЗ за корупција.

Премиерот Пленковиќ претходно го нарече Милановиќ „скриен лидер на опозицијата“. Сето ова што се случува е обид за мини пуч, злоупотреба на институциите“, рече тогаш Пленковиќ.

Право на глас на 17 април ќе имаат 3.733.283 хрватски граѓани, што е за 127.000 или три отсто помалку од претходните парламентарни избори во 2020 година.

Тие се поделени во вкупно 12 изборни единици: 10 се распоредени на територијата на сите окрузи во Хрватска, 11-та е гласот на дијаспората, а 12-та е составена од гласачи на националните малцинства.

Во секоја од првите 10 изборни единици, во парламентот се избираат по 14 пратеници, додека три мандати избираат дијаспората и Хрватите кои живеат во Босна и Херцеговина, а осум доаѓаат од редовите на партиите на Србите и другите малцинства.

Во 11 изборни единици пријавени се вкупно 165 листи, а од малцинските листи има уште 17 кандидати.

Се избираат 151 пратеник, па за мнозинство во хрватскиот Сабор потребно е да се добијат 76 мандати.

Прелиминарните резултати ќе бидат познати веќе во текот на изборната ноќ.

Потрагата по телото на двегодишната Данка продолжува

Продолжува потрагата по телото на убиената Данка Илиќ кај Бањско поле.

Осомничените за нејзиното убиство Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во притвор, а се уште нема јасни индиции каде осомничените го сокриле телото на убиеното девојче.

Телото на Данка Илиќ најпрво беше барано во Бањско поле, местото каде што е убиена, по што е извршена потрага во селата Злот и Лука.

„Само да го најдеме телото на нашата Данка, да знам што и направиле овие монструми и достоинствено да ја закопаме и да знаеме каде можеме да ја посетиме“, вели Милан Илиќ, дедото на убиената Данка за чие тело се трага десет дена откако е откриено дека Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ прво ја удриле со автомобил, а потоа ја убиле.

Во потрагата на потегот од село Злот до местото Шумраковац се вклучија и 50 припадници на Жандармеријата, а акцијата за пребарување ја води началникот на полициската управа Бор, Зоран Милијиќ.

Се пребаруваше коритото на реката Злот, како и акумулациите за вода.

Причината поради која се проверуваат цистерните и акумулациите е тоа што и двајцата осомничени за убиството на малата Данка работеле во ЈКП „Водовод“ и добро го знаат распоредот на тие цистерни, а поради работата редовно ги посетувале и знаеле за сите скриени места, па сега фокусот на пребарувањето е на тоа.

Популарно