ФОТО: Полицаец кадар на ДУИ осомничен за свирепото убиство во Прилеп

Полицијата го откри и го приведе сторителот на свирепото убиство на 36-годишниот Бекир А. од Битола, што се случило вчера околу 16.30 часот на патот за селото Беловодица, прилепско, потврдува Маријана Илиеска, обвинител во прилепското јавно обвинителство кое правеше увид, пренесува МИА.

Станува збор за 23-годишниот Енвер Т., полицаец од СВР Битола, кој од битолската е доведен на распит во прилепската полиција. Тој во СВР Битола е вработен во 2015.

Неофцијално, убиството е направено по нарачка. Тој го земал во кола Бекир и го однел во селото каде што го застрелал и го запалил.

-Ноќеска е откриен сторителот на свирепото убиство. Полицаецот од СВР Битола Е.Т, роден 1995 година го призна убиството и сега е на распит во прилепската полиција, потврдува Илиеска.

Прилепското обвинителство го смета за свирепо убиство. Вчера во 16.30 часот телото на патот за селото Беловодица го пронашол прилепчанец кој најверојатно се упатил на риболов во блиското езеро.

-Телото беше делумно изгорено, главно на главата но препознатиливо на лицето. Во себе имаше и документи за идентификација и станува збор за 36-годишен Б.А од Битола. Покрај телото се пронајдени траги од два автомобила од кои едниот, најверојатно голф и констатирано е дека е со битолски регистерски таблички. Околу телото се пронајдени четири чаури и едно зрно, најверојатно од пиштол што треба да го утврди вештачењето. Убиството е извршено свирепо. Наредена е обдукција, изјави Илиеска.

Полицијата го обезбедува местото. Малкуте жители во селото Беловодица не виделе ништо. Педесет и едногодишната Блага Мицеска вели дека нејзиниот сопруг само ги слушнал истрелите.

-Мојот домаќин слушнал пет-шест пати како пукнало. Изгледало како да е од пиштол, ама друго не знае. Беше да ги напасува кравите. Си ги прибрал потоа и си дошол дома. Јас со синот не знаевме ништо но кога се враќавме во селото имаше многу автомобили, полицајци.

Од СВР Битола велат дека МВР во текот на денот ќе информира случајот.

Почина познатиот композитор со потекло од Македонија!

Познатиот српски композитор со потекло од Македонија почина на 76 години откако се бореше со кратка болест, само 20 дена по смртта на неговата сопруга. Тој беше автор на многу популарни хитови во нашата музика, соработувајќи со познати уметници како Маја Маријана, Зорица Брунцлик и други. Живееше и работеше во Белград, а роден е во Македонија. Талентот на Тиме Петров остави траен белег во музичката индустрија, придонесувајќи кон развојот на многу музички кариери.

Пеев две години како работна пејачка, една вечер дошол познатиот композитор Тиме Петров да ме слушне по препорака на пријател. Се сеќавам дека пеев некои песни како демо снимки за да ги понуди на познатите пејачи, но тие не покажаа веднаш интерес и сите тие песни ми беа доделени. Тоа беа песните „Ја не сум девојка луталица“, „Што е јаблан меѓу борчињата“, „Ангели на љубовта“... Моето вистинско име е Маријана Радовановиќ и премногу е долго за да се запамети, па бидејќи ми беше надимак Маја, композиторот предложи да ги споиме надимакот и вистинското име и така се роди на естрадата Маја Маријана - раскажа пејачката како Тиме и помогнал на нејзиниот музички пат.

Инаку, Тиме Петров е автор на познатиот хит на Маја Маријана "Био ми је добар друг".

Прегазен 37-годишник во Капиштец

На 13.03.2024 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од с.Бањане, скопско, удрило во пешакот Д.Ѓ.(37) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Работник паднал од објект, починал во болница

На 13.03.2024 во 00.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, чувар на објект во изградба на подрачјето на Шуто Оризари пријавил дека во 19.40 часот на градилиштето го пронашол паднат Р.А.(52) од Скопје, кој вршел контрола на материјалите.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Скопје и трудов инспектор, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Популарно