Полицаецот убил за да не плати 4.000 евра за купениот автомобил

Полицијата до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 24-годишниот Е.Т. од Битола, вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во битолската полициска станица, поради постоење  на основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

На обвинетиот му е одреден притвор од 30 дена.

Како што информира Министерството за внатрешни работи Е.Т. вчера го контактирал 36-годишниот А. Б.во село Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, сопственост на лицето Ј.С. од Битола. Двајцата се допишувале преку пораки на „Facebook“ при што се договориле истиот ден околу 14:30 часот А.Б. да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба за сума од 3.600 евра. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чека сопственикот на возилото. Откако стигнале во атарот на селото Беловодица двајцата излегле надвор од возилото.

Во еден момент Е.Т. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми кон покојниот А. Б., кој бил усмртен на лице место.

Е.Т. од А.Б. одзел една чантичка во која имало 4.000 евра, пари кои му биле предвидени да му ги плати на сопственикот на возилото. Потоа, пријавениот од возилото извадил шише полно со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето на покојниот Б.А. и откако го полеал со бензин го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола.

Кучињата скитници напаѓаат граѓани во Аеродром и Центар

На 25.06.2019 година во 13:45 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.М.(66) од Скопје пријавила дека на булевар „Видое Смилевски Бато“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

На 25.06.2019 година во 17:30 часот во Полициската станица Центар, К.Ч.(35) од Скопје пријавил дека на улица „Ѓорѓи Пешков“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 25.06.2019 година во 11:00 часот во Полициската станица Центар, С.Б.(23) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Србин се обидел да убие Македонец!

Малтешката полиција е во потрага по Србин кој е осомничен за наводниот обид за убиство во Бугиба на северот од Островот.

Жртва е 58-годишен Македонец кој и натаму е во тешка здравствена состојба по нанесените повреди.

Како што пишува „TVM“, полицијата добила повик во понеделникот дека дошло до пресметка, при што едно лице било избодено со нож. Повредениот крвав влегол во болницата „Матер деи“, каде му била пружена медицинска помош, а потоа дошла и полицијата за да обезбеди повеќе информации.

Во моментов се трага по сторителот на делото, а од полицијата замолија сите кои имаат некакви информации за напаѓачот да пријават во најблиската полициска станица.

ВИДЕО: Тепачка за паркинг место во Струга

Тепачка се случи денеска на паркинг во Струга, во која учествувале повеќе лица.

Се претпоставува дека причините за тепачката се поради паркинг место, а на видео-записот се гледа како еден од автомобилите е многу оштетен.

Популарно