ФОТО: Мијалков славеше роденден во скопско кафуле - еве со кого

Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, вчера наполни 53 години.  Роденденската забава била во еден скопски ресторан, каде друштвото со забваувале до доцна во ноќта.

Меѓу гостите беа и поп-пејачката Аделина Тахири со сопругот Серијожа Марков, кој е почесен конзул на Република Молдавија во Македонија.  Таа сподели и фотографија од роденденската забава на Мијалков и не заборави ѝ да му го честита роденденот  на социјалните мрежи.

ФОТО: Сопругата на Амиџиќ со години беше со овој спортист

Данијела Димитровска која има македонско потекло, пред бракот со Огнен Ммиџиќ имаше врска со познатио српски спортист Милош Стојковиќ.

Таа кога се запозна со Огнен беше во врска, а тој во брак.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Milos Stojkovic Cole (@miloscole) on

ФОТО: Нивната романса е доказ дека животот ги пишува најлудите романи!

Латино дивата Џенифер Лопез од минатата година е во среќна врска со бејзбол играчот Алекс Родригез.

Изгледа дека после трите пропаднати бракови, Џенифер Лопез конечно ја нашла својата среќа. Откако ја започнаа врската, пејачката и спортистот не се одделуваат и не кријат колку се заљубени еден во друг. 

Џенифер во една прилика во емисијата кај Елен Диџенерис открила како се запознале.

После ручекот во еден ресторан се сретнале на излезот. Џеј Ло поминала покрај Родригез го потапкала по рамото и му се јавила. После тоа започнале разговор и откако установиле дека и двајцата живеат во Лос Анџелес ја закажаа следната средба. 

"Ни самата не знам зошто го потапкав по рамото, но така се запознавме", откри Џеј Ло.

Неодамна Алекс на својот профил на Инстаграм откри дека пред 20 години Џенифер му дала автограм на Алекс. Тогаш сигурно не ни сонувала дека токму тој ќе стане нејзината најголема љубов.

"Спомени од пред 20 години кога глобалната поп ѕвезда му потпиша фотографија на младиот бејзбол играч", напиша Алекс под фотографијата кој ја сочувал .

ФОТО: Викторија Бекам после 10 години конечно откри зошто ги напушти Spice Girls

Викторија Бекам одлучила да ги напушти Spice Girls за време на повратната турнеја во 2008 година. После шпекулациите за повторното собирање по повод 20 години од постоењето на групата, модната дизајнерка во интервју за Vogue Australia открила зошто не сакала да ја продолжи музичката кариера.

Пош Спајс открила дека сфатила како ја изгубила страста за изведување на песни и музика откако го гледала шоуто "Red Piano", на својот близок пријател Елтон Џон во Лас Вегас. 

Мел Би постојано говори за своите желби тие пет повторно да се обединат, додека Викторија постојано повторува дека музиката сака да ја остави зад себе и да се посвети на својот моден бренд.

Британските таблоиди пишуваат дека оваа недела Мел Би и Викторија се скарале и дека Мел ја нарекла Викторија к**ка за време на жестоката расправа околу повратниот концерт.

"Секогаш сакав да се занимавам со мода, па бев среќна дека музиката не ми беше прва страст. На тие девојки музиката им беше сè", рекла Викторија за Vogue.

"Секој ден некој прашува: Сакате ли да одите на турнеја? Ти си таа која не стопира". За мене секогаш беше нешто друго што сум сакала да правам. План Б, фаза два".

За време на турнејата во САД во 2008 година, Викторија отишла на концерт на Елтон Џон во Лас Вегас и сфатила дека ја нема таа страст која тој ја има.

"Бев со Елтон Џон тој викенд и му реков: Ти си причината поради која ја прекинувам мојата музичка кариера", објасни Викторија.

Spice Girls својот последен концерт го одржаа во Торонто, а повторно се обединиле во 2012 година на отварањето на Олимписките игри во Лондон.

Оваа година се сретнаа на ручек, што покрена гласини за реобединување.

"Бев на ручек со останатите Спајс девојки пред неколку месеци, работите излегоа од контрола, морав да му наложам на адвокатот да ги разбие сите смешни приказни кои кружеа".

Популарно