Денеска започнува Лига на шампиони во фудбал

Денеска започнува “новиот изглед“ на најдоброто клупско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите.

Новитетите во сезоната треба да го направат турнирот уште поинтересен, а сите гиганти се обидуваат да стават крај на доминацијата на Реал Мадрид, кој три години во низа се искачува на врвот.

Почетокот ќе биде најавен со првите мечеви од 18:55 часот, а ќе биде заокружен со преостанатите дуели од 21:00 часот. Терминот од 20:45 часот заминува во историја, бидејќи УЕФА одлучи да направи поделба на која најмногу ќе и се израдуваат љубителите на фудбалот ширум светот.

Со новите правила, клубовите ќе имаат право на четврта замена при евентуални продолженија во нокаут фазата и ќе имаат можност да користат електронски уреди и да комуницираат со секој член на тимот кој се наоѓа на трибините. Најголемата промена носи опцијата клубовите да користат фудбалери со кои се засилиле во јануари, а тие имале запишан настап во Лигата на шампионите во дресот на другата екипа. УЕФА конечно стави крај на ограничувањето за кое постоеше незадоволство години наназад.

За неколку сезони се очекува примена и на новата ВАР технологија, која е доста популарна меѓу големите клубови, кои итно бараат истата да се воведе што поскоро со цел да се избегнат грешки и лоши сценарија.

Утрешната програма ќе биде отворена со натпреварите Интер - Тотенхем и Барселона - ПСВ Ајндховен.

За титулата ќе се натпреваруваат 32 екипи распоредени во 8 групи. Вкупната вредност на екипте е околу 14 милјарди евра однсоно 13.816.200.000 евра. Најскапа е Барселона со 1.14 милјарди евра, следува Manchester City со 969 милиони евра. Клубови со најмала вредност се Црвена Звезда со 43.9 милиони евра, Аек  38.4 милиони евра и Чешката Viktoria со 30.35 милиони евра.

Дали е можно Буфон да брани за овој клуб?

Познатиот италијански голман Џанлуиџи Буфон (41) заминува од редовите на ПСЖ, францускиот првак по само една сезона.

"Мојата авантура надвор од Италија завршува. ПСЖ предложи нов договор, но не ја прифатив понудата. Сакам да се заблагодарам на сите за сите што ги имав можност да бидам во Париз. Ви благодариме за емоциите кои заеднички  ги поделивме", изјави Буфон.

"Скај Спорт Италија" ексклузивно известува дека легендарниот голман се враќа во редовите на италијанскиот шампион.

Наводните преговори се при крајот, и тој би можел да стане резерва за полскиот чувар на мрежата Šćežnij Така и со Старата дама тој може да го „нападне“ трофејот што многу му недостасува во брилијантната кариера - Лигата на шампионите.

ФОТО: Филип Кузмановски ја запроси девојката Моника

Репрезентативецот Филип Кузмановски повеќе не е ерген. Синоќа неговата девојка Моника Игнова, со која се во врска повеќе од една година му кажа ДА на Филип. 

Бекот наскоро заминува за Германија, но сега заедно со неговата избраничка која инаку е прва братучетка на репрезентативниот колега на Филип, Дејан Манасков.

Со среќа Филип & Моника, убави заеднички моменти во животот и еден куп дечиња.

Конечно тој се враќа во Барса

Според Шпанските медиуми напаѓачот на ПСЖ, Нејмар се согласил на сите три услови што ги постави Барселона за можно враќање на Камп Ноу.

Ова беа условите кои баше тој да ги прифати: намалување на платата, да се откаже од 26 милиони евра за кои го тужеше клубот и да се извини за грешките при трансферот во Париз. Нејмар е очаен да си замине од Франција бидејќи за двете години таму не му се случи ништо убаво, а имаше проблеми со повреди и суспензии.

Деновиве најверојатно  Барселона и ПСЖ  ќе треба да се договорат околу отштетата, а таа нема да биде помала од 200 милиони евра.

Популарно