ФОТО: Не е само Заев - Дунавка Трифуновска добри орден од „принцот“ на Црна Гора

Самопрогласениот „принц на Црна Гора и Македонија“, Стефан Чернетиќ, кој на премиерот Зоран Заев му додели орден, ѝ додели титула и на Дунавка Трифуновска.

Таа за нејзините одлични вештини за односи со јавноста, доби титула „Дама на сребрениот медал на свети Ѓорѓи“

Има и бетер од Шилегов: За загадениот воздух се криви ќебапите

И Босна како и Македонија мака мачи со загадениот воздух. На итната седница која се одржа вчера во БиХ како едни од главните виновници за загадениот воздух беа наведени локални ќебапчилници, а тоа предизвика хит реакции на социјалните мрежи и Интернетот.

Член на стручниот тим за загаденоста Пламенко Таис изјавил дека градот е загаден а анализаторот на воздухот е близу ќебапчилница, па можеби затоа покажува повеќе.

Оваа изјава направи урнебес на социјалните мрежи.

ВИДЕО: Џулија Робертс со огромни гради!

Холивудската ѕвезда и една од омилените актерки, Џулија Робертс (51), гостуваше во шоуто на познатата водителка Елен Деџенерис, каде што беше целосно трансформирана во најпопуларната реална ѕвезда – Ким Кардашјан!

Џулија и Елен се шегуваа во врска со бројот на следбеници на „Инстаграм“, а потоа домаќинката, која има повеќе следбеници од Робертс, дојде на идеја да ѝ „помогне“ да стане уште попопуларна аа социјалните мрежи.

Елен го ангажира својот тим за да ѝ стави огромни гради на Џулија и лелеава наметка и актерката се претвори во – бујната Ким!

Цело време Џулија со изразот на лицето покажуваше колку ѝ е непријатно, а во некои моменти и самата покажа дека знае низ што минува и во име на тоа заземаше пози кои се „ин“.

Популарно