Од мене и моето семејство подарувам 100 000 долари за БОЈКОТ на референдумот

Сега во Македонија се потребни пари за кампања за бојкот на референдумот, затоа од мене и моето семејство подарувам 100 000 долари -рече г-ин Ивановски.

Најголемиот македонски дарител од Канада и секретар на СМК Канада познатиот бизнисмен г-ин Крсте Ивановски во својот емотивен говор до Македонците во Торонто истакна:

- Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш.Тоа е почеток на крајот на македонската држава и нација. Кој му дава право на некој да одлучи да ја смени целата македонска вековна историја, кој му дава право да го избрише еден од нјстарите народи во светот, замислете ќе биде избришан за да бидат задоволени интересите на државите кои што сакаат тотално поништување на Македонија и Македонскиот народ, рече господин Ивановски и додаде: Ја слушаме сегашната Влада како се обидува да го убеди македонскиот народ дека мед и млеко ќе течело само да помине овој договор.

Европската унија да одлучи да се прошири за десет години Мaкедонија пак нема да биде дел од неа.

Зборот Македонија се форсира во кампањата а после тие истите ќе те казнат за негова употреба.

Господин Крсте Ивановски потоа јавно се запраша: На кого да му верува овој македонски народ, на премиерот што беше осуден на затворска казна па амнестиран од претседателот што е дел од неговата партија, или на премиерот што се гледа на снимка како бара мито?

Или на премиерот што пред изборите не се сретна со ниту една македонска организација во дијаспората?

На тој што рече дека доколку изгуби на изборите ќе си даде оставка?

На тој што рече дека Св. Кирил и Методиј се дел од заедничката историја се Бугарија?

На тој што на секое надворешно интервју му е срам да го спомне зборот Македонија?

На тој што секо збор му е лага?

Или на тој што се колнеше во своите деца дека нема да го смени името, нему ли да му верува македонскиот народ, тој ли ќе ја носи Македонија напред?

Како Македонци сите сме за бојкот. Дел од нашата одговорност овие денови е да им се јавуваме на нашите роднини и да им кажуваме за штетноста од договорот со Грција.

Сега во Македонија се потребни пари за кампања за бојкот на референдумот, затоа од мене и моето семејство подарувам 100 000 долари -рече г-ин Ивановски. Кој беше поздравен со овации и аплаузи за поддршка од страна на присутните на семакеоднскиот донаторски коктел.

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Популарно