ВИДЕО: Познат хирург и неговата девојка силувале стотици жени

Лекар од Калифорнија кој повеќе години учествувал во ТВ реално шоу за навиктие на американскиот маж во онлајн врските, и неговата девојка се обвинети за дрогирање и силување на две млади жени, а обвинителите се сомневаат дека Грант Робишо (38) и Сериса Рајли (31) имале стотици други жртви.

Полицијата верува дека хирургот - ортопед и неговата партнерка го користели „добриот изглед и шармот“ за да и намамат жртвите.

Обвинети се дека на жените им пришле во 2016 година и во барот, ги дрогирале со кокаин, екстази и ГХБ, познат како „дрога за силување“, а потоа жртвите ги однеле во станот на Робишо, каде ги силувале.

Во телефонот на Робишо кој неколку години учествуал во реалити за навиките  на мажите на сајтовите за запознавање "Online Dating Rituals of the American Male", пронајдени се повеќе од илјада снимка од сексуално напаствување.

Хирургот и неговата партнерка се обвинети и за поседување оружје и дрога.

На Робишо и Рајли им се заканува затворска казна од 30 до 40 години.

Нивните адвокати рекоа дека двојката „ги отфрла сите обвинувања и сака случаите да се расветлат“.

ВИДЕО: Новородено девојче пронајдено живо во пластична кеса во шума

Полицијата од американската сојузна држава Џорџија објави драматично видео кое го прикажува спасувањето на новородено девојче кое било пронајдено живо во пластична кеса во шума.

„Го објавивме видеото за да добиеме информации за идентитетот на бебето и да покажеме колку е важно овој случај да биде решен“, велат од канцеларијата на шерифот за „АП“.

Се наведува дека властите на 6 јуни се упатиле кон шумското подрачје, кога од куќа во близина било пријавено дека се слуша плач. Полицијата е во потрага по мајката на бебето.

ВИДЕО: Моментот на падот на германскиот „Јурофајтер“

На интернет се појави снимка на која се гледа моментот кога два германски авиони паѓаат на земја откако се судрија во воздух.

Германските воздухопловни сили потврдија дека нивните два авиони се срушиле откако се судриле во воздух, а пилотите успеале да се катапултираат.

Едниот од нив е пронјаден жив на дрво, а другиот загинал.

ВИДЕО:Таксист корнеше столпче за да паркира

На Ѕидот на сообраќајниот срам, Фејсбук групата каде секојдневно се објавуваат видеа и фотографии од прекршоци и сообраќајна некултура во Скопје и Македонија, се појави ново видео на кое се гледа како кај Веро Џамбо, спроти Народна банка,таксист корне столпче за да може да паркира на тротоар, поставено таму токму за да не се паркира.

Погледнете:

Популарно