Денеска е петок, 21 септември 2018 година, 264-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 101 ден.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 18 часот и 35 минути.
Денов трае 12 часа и 17 минути.
Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 17 часот и 2 минути, а ќе зајде во 2 часот и 26 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до 14 степени, а дневната од 26 до 32 степени. УВ=6 .
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степени.