Старо Нагоричане: Градоначалничката си купила автомобил и приредила забава за партиските членови!

Порталот Инфомакс.мк, објави дека Жаклина Јовановска градоначалничка од редовите на СДСМ, набавила нов автомобил „Шкода Октавија“ за неверојатни 1.108.000 денари. За возилото, таа приредила и банкет во општината, со организиран кетеринг на кој се служеле исклучиво морски плодови. На забавата и частењето за новиот автомобил биле повикани и членовите на локалната партиска организација на СДСМ.

Додаваат, дека надвор во дворот на општинската зграда исто така се делело јадење и пиење за „обичните“.

Во услови кога Старо Нагоричане е општина со најмала стапка на вработеност во државата, а општината функционира со блокирана сметка, ваквото самоволие е надвор од умот – додаваат нагоричанци.

Договорот за лизинг на возилото е склучен со „Порше Лизинг“ на 36 рати.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно