ЈАНЕ ЗАКРЕПНУВА ПО ОПЕРАЦИЈАТА ВО ПАРИЗ: Еден ден и јас ќе играм фудбал

Десетгодишниот Јане Велковски, чија приказна за фудбалската љубов го обиколи светот, вчера се оперираше во Париз.

Јане, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА), операцијата на ‘рбетот ја поднел добро, и се очекува брзо да закрепне и да се врати на училиште, не информираше неговата мајка, Деница Велковска.

Јане со фудбалерот Бобан Николов на натпреварот Македонија- Ерменија

“На Јане му правеа операција на ‘рбетот, му ги менуваат шипките што му го држат исправен. Првите, помали шипки му ги ставија во 2015 година, и му ги продолжуваа на секои шест месеци. Сега тој е пораснат, и требаше да му стават поголеми. Шипките се викаат MAGEC growing rods, а начинот на операција е најнеинвазивна метода кај деца кои се во раст и во развој. Се продолжуваат со магнет однадвор, за разлика од други методи каде што мора да се продолжуваат со отварање, класичен хируршки зафат на секои шест месеци. Јане е добро, операцијата полесно помина од првиот пат, и се очекува побрзо да закрепне“, ни изјави Деница Велковска.

Пред два дена, УЕФА го промовираше новиот спот видео од проектот „Equal game“, кој започнува токму со Јане. Петтооделенецот од улилиштето “Димитар Поп-Георгиев Беровски“, веќе подолго време е заштитен знак на УЕФА. Во спотот, освен Јане се појавуваат и светски фудабалски ѕвезди како Роналдо, Меси и Погба. Видото започнува со гласот на Јане кој е голман, на неговото маалско игралиште во населбата Хром, со другарите од населбата.

Јане го отвара новиот спот на УЕФА

„ Златното момче Бобан Николов и Јане ве чекаат на натпреварот Македонија- Ерменија! Другари- заедно на терен, за сега на кратко, а еден ден можеби и ќе заиграат заедно“, напиша Деница пред фудбалскиот натпревар на 9 септември.

Приказната за борбата на семејството Велковски почнa од оној момент кога ги добиле анализите и му била откриена болеста на Јане. Тогаш, мајката Деница и нејзиниот сопруг Ѓорѓи си ветиле дека на своето дете ќе му обезбедат сѐ што можат за и тој, како и другите деца да има среќен живот.

„ Бевме во голем шок, и требаше време да се надмине, да се соочиме со вистината и да застанеме пред предизвикот. Пребарувајќи на интернет, гледавме да останеме фокусирани на информациите со препораки за нега, сочувување на добрата состојба и што е можно повеќе пролонгирање на прогресот на болеста. Читајќи ги американците кои се лидери во сето ова, си земавме примери кои ни даваа надеж дека ќе успееме. Си ветивме дека ќе му обезбедиме на Јане она што има едно американско семејство со дете со СМА тип 2 за среќен и квалитетен живот. Тоа беше најтешкото нешто што сме го направиле, веднаш по тежината на борбата за лекот“, ни раскажа Деница.

Јане стана миленик на народот поради својата мила ѕвезда, уште од кога за прв пат се појави во медиумите .Тој беше придружба на фудбалската репрезентација на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни лани. Со своето семејство, од 12 до 15 март му беше гости на познатиот светски фудбалер Пол Погба, кој е негов голем идол. Сонот на Јане се оствари откако во живо го проследи натпреварот на „Манчестер јунајтед“ против „Севиља“ на „Олд Трафорд“, а добредојде му посака лично Погба.

Борбата на Деница и на нејзиното семејството, тој и уште шест дечиња кои боледуваат од спинална мускулна атрофија (СМА) да го добијат лекот „спинраза“ се исплатеше. На крајот од март, од здружението СТОП СМА Македонија, информираа дека лекот ќе стане достапен и во Македонија, а Владата ќе одобри средства за негово набавување.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно