Сузана Манчиќ без влакна на јазикот за првата брачна ноќ: Лгнавме на креветот и....

Популарната водителка Сузана Манчиќ неодамна и официјално стапи во брак со својот долгогодишен љубовник, грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос, но не се пресели туку патува, па вели тоа го вади од такт сопругот.

- „И Симеон постојано за тоа ме прашува. Основна причина што не се преселив сосема во Атина е мојот водителски ТВ ангажман. Јас се’ уште работам и имам обврски во Белград. Освен тоа ќерка ми се уште не дипломирала, а и законите за добивање грчко државјанство и пасош не се нешто многу благонаклонети. Ми рекоа: г-ѓа Манчиќ. прво треба 12 години непрекинато да живеете во Грција во брак со Вашиот сопруг, па потоа би можеле да… Нека – благодарам!“, вели таа.

-„А што се однесува до првата брачна ноќ… Па како да ја минеме после сиот тој свадбен метеж? Легнавме и заспавме отепани од замор! Но, не грижете се, имавме ние двајца доволно убави ноќи и пред и по свадбата…“, вели Сузана во свој стил.

ФОТО: Добро протријте ги очите, ова се двајцата некогаш најпосакувани мажи

Заедничката фотографија на познатиот актер и пејачот предизвикала лавина од коментари на интернет.

66-годишниот Мики Рурк и 56-годишниот Ексл Роуз некогаш важеле за најпосакувани мажи на светот, по кои жените лудувале и правеле глупости, кои веројатно не можете ни да ги замислите. 

Меѓутоа, славните ѕвезди ги стигнале годините, а поради сличниот имиџ кој двајцата го имаат, нивната заедничка фотографија станала невиден вирал на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

My new bros #axlrose #mickeyrourke 👍😎 at #wildervsfury fight

A post shared by George Lambros (@glambros) on

Еден од фановите ги фотографирал Рурк и Роуз на еден бокс меч кој го следеле заедно, а кога ќе ги видите ќе сфатите зошто многумина најпрво помислиле дека станува збор за две постари, симпатични госпоѓи.

Да се потсетиме како изгледал Мики Рурк кога глумел во филмот "9 и пол недели" од 1986-та година:

Еве како Ексл Роуз изгледал во спотот за песната "Patience" од 1988-ма година:


ФОТО: Тамара ја покажа новогодишната атмосфера во домот и еден специјален детаљ за неа

На пејачката Тамара Тодевска и остана уште многу малку време додека нејзиното второ бебенце дојде на свет.

Тамара и нејзиното семејство годинава ќе имаат прекрасен почеток на Новата 2019 година, ќе го добијат најубавиот подарок – бебето Дарен.

Домот на пејачката веќе е украсен во празнично-новогодишен амбиент, а најкомфорното место на софата е резервирано за мама Тамара која одмара на специјална перница за трудници која исто така е со новогодишен принт и се надополнува на посебен начин.

Тамара на социјалната мрежа Инстаграм го покажа местото каде се рекалсира и е во исчекување на првиот знак дека е време да тргне на пат кон болница.

А Дедо Мраз оваа 2019 година ќе и го донесе најубавиот подарок и на Хана- нејзиното братче.

ФОТО: Сопругата на Ричард Гир го покажа трудничкото стомаче

Непосредно пред првата годишнина од бракот на холивудскиот актер Ричард Гир и неговата трета сопруга Алехандра Силва, брачната двојка ќе го добие првото заедничко дете.

Веста за бременоста е откриена уште во август, четири месеци по свадбата, а 35-годишната Алехандра сега гордо го покажа своето трудничко стомаче.

Третата сопруга на Ричард Гир на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира пред огледалото во бањата во тесен црн фустан, што уште повеќе го истакнува нејзиното трудничко стомаче и под неа на шпански јазик напиша: „Многу сум среќна”.

Гир ја започна врската со убавата публицистка уште додека беше во брак со Кери Лоуел. Но, тоа не го спречи да ја „освои” 33 години помладата Алехандра Силва, ќерка на Игнасио Силва, поранешен финансиски потпретседател на „Реал Мадрид“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

¡Soy muy feliz! ❤️ ... I’m so happy! #happygirl

A post shared by Alejandra Gere (@alejandragere) on

Популарно