Него никој не смееше лошо да го погледне“

Приказната која се појави на друштвените мрежи за средбата меѓу Милорад Вељиќ Манга  Жељко Ражнатовиќ Аркан, предизвика реакции кај еден од припадниците на Српската доброволна гарда, кој ексклузивно за српскиот Курир тврди дека не е точно дека Манга во една прилика го понижил Аркан пред сите.

-Аркан отсекогаш беше страв и трепет. Човек пред кој сите стоеја во строј, му оддаваа почит. Тој воопшто не беше галамџија ниту некогаш пробал капка алкохол, кафе, цигари, дрога. Тој тоа го презираше. Никогаш не се фалеше. Тоа целата гарда го знаеше, сите, од мало дете, соседите, пријателите, спортистите, музичарите, сите знаеја каков беше Аркан.

Грамада, а не како што се обидуваат да ја искриват сликата за него така што себе ќе се воздигнат. Сега кога го нема веќе испаѓа дека сите го малтретирале. Тоа никогаш го немаше во неговиот живот. Него никој не мееше лошо да го погледне, а не пак нешто друго. Нека пуштат човекот да почива во мир, а семејството нека го поштедат од непромислени изјави.

Аркан одлично го познавав, со години бев покрај него. Таков човек никогаш веќе оваа земја нема да има - вели за српскиот Курир гардист кој работелл за Аркан, а побарал да остане анонимен.

Тој вели дека Аркан им помагал на луѓето, ги ценел пријателите и ги почитувал жените.

-Во друштвото беше омилен и прв. Се знаеше дека во негово окружување нема пушење, ни насилно однесување. Каде и да се појавеше луѓето му се поклонуваа. Не го бараше тој тоа ниту сакаше, но го почитуваа и ценеа. Неговиот збор имаше тежина, погледот јачина. Од големите и моќни луѓе никогаш за Ражнатовиќ нема да чуете лош збор. Читам дека разни луѓе зборуваат за него, а никогаш не го виделе, не поминале покрај него, а да не зборувам дека и требаше голема врска за да бидете во негово друштво. Тој беше поим за сите времиња. Големина зад која и сега се стои, па го споменуваат, бидејќи дека единствено преку неговото име можат себеси да се прослават - рекол за крај гардистот.

Денеска ќе бидат сослушани осомничените за убиството на малата Данка

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар утрово од притвор се донесени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), јавија српските медиуми.

Тие денска ќе бидат сослушани. Нивниот притвор изминува на 3 мај. Вчера мајката на Дејан Драгијевиќ беше донесена во обвинителството и го искористи правото да не сведочи.

Срѓан Јанковиќ (50) од Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, се осомничени за убиството на Данка Илиќ од Бор, по чие тело непрекинато се трага веќе 13 денови.

Српски медиуми јавија дека тие ќе бидат испратени и на психијатриско вештачење.

Последен ден од изборната кампања пред парламентарните избори во Хрватска

Учесниците на изборите за хрватскиот Сабор официјално можат да ги претстават своите програми и кандидати денеска до полноќ, кога почнува дводневниот изборен молк, а два часа пред полноќ почнуваат изборите за Парламентот во странство, во Австралија.

Изборниот молк во Хрватска ќе трае до среда, 17 април, до 19 часот, односно до затворање на околу 6.500 избирачки места, пренесува Хина.

На почетокот на изборниот молк, 17-дневната официјална кампања ќе заврши пред изборите, кои наместо в недела, овојпат се одржуваат в среда, а на кои се кандидираше претседателот на Републиката Зоран Милановиќ oд листата на СДП, како кандидат за премиер. Негов главен ривал е актуелниот премиер Андреја Пленковиќ од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Аналитичарите очекуваат дека ХДЗ ќе победи на изборите, но и дека партијата нема да може сама да формира влада, додека ако СДП се обиде да формира влада, ќе и бидат потребни партнери од десницата.

Социјалните, економските и надворешнополитичките прашања беа на маргините за време на кампањата, иако ХДЗ на Пленковиќ долго време беше предмет на критики поради бројните корупциски скандали и злоупотребата на фондовите на Европската Унија. Иако Пленковиќ негираше вмешаност на партијата во скандалите и изјави дека платите во Хрватска пораснале за 8,6 отсто во однос на 2023 година, а земјата забележала економски раст од 2,8 отсто, многу повисок од просекот во ЕУ, довербата на гласачите сепак опаѓа.

Последните анкети покажуваат дека ХДЗ, проевропска десничарска партија која ја водеше земјата независно или во коалиција 26 од скоро 33 години откако Хрватска прогласи независност, може да смета на 60 места во 151-члениот парламент – шест помалку од претходно.

СДП може да смета на три пратеници повеќе отколку што има сега – 44 наместо 41, покажуваат анкетите.

Самиот Милановиќ предизвика вознемиреност, главно на меѓународната политичка сцена, противејќи се на зголемувањето на помошта за Украина, за разлика од повеќето членки на ЕУ, а понекогаш настапуваше и со отворени проруски ставови, наведува Би-Би-Си.

Предизборната игра се вртеше околу имињата на претседателот на републиката и премиерот, чиј конфликт веќе неколку години е во центарот на хрватската политика.

Кога Милановиќ на 15 март објави дека „дојде време да се оседлаат коњите“, објавувајќи ја својата кандидатура за премиер на изборите на 17 април, предизвика вистински земјотрес на хрватската политичка сцена.

Уставниот суд набрзо му забрани на Милановиќ директно учество на изборите и премиерска кандидатура се додека не поднесе оставка од претседателската функција, што до ден денес не го сторил.

Милановиќ најави катарза и „запирање на хрватската трагедија“, а од СДП главно ја обвинуваа ХДЗ за корупција.

Премиерот Пленковиќ претходно го нарече Милановиќ „скриен лидер на опозицијата“. Сето ова што се случува е обид за мини пуч, злоупотреба на институциите“, рече тогаш Пленковиќ.

Право на глас на 17 април ќе имаат 3.733.283 хрватски граѓани, што е за 127.000 или три отсто помалку од претходните парламентарни избори во 2020 година.

Тие се поделени во вкупно 12 изборни единици: 10 се распоредени на територијата на сите окрузи во Хрватска, 11-та е гласот на дијаспората, а 12-та е составена од гласачи на националните малцинства.

Во секоја од првите 10 изборни единици, во парламентот се избираат по 14 пратеници, додека три мандати избираат дијаспората и Хрватите кои живеат во Босна и Херцеговина, а осум доаѓаат од редовите на партиите на Србите и другите малцинства.

Во 11 изборни единици пријавени се вкупно 165 листи, а од малцинските листи има уште 17 кандидати.

Се избираат 151 пратеник, па за мнозинство во хрватскиот Сабор потребно е да се добијат 76 мандати.

Прелиминарните резултати ќе бидат познати веќе во текот на изборната ноќ.

Потрагата по телото на двегодишната Данка продолжува

Продолжува потрагата по телото на убиената Данка Илиќ кај Бањско поле.

Осомничените за нејзиното убиство Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се во притвор, а се уште нема јасни индиции каде осомничените го сокриле телото на убиеното девојче.

Телото на Данка Илиќ најпрво беше барано во Бањско поле, местото каде што е убиена, по што е извршена потрага во селата Злот и Лука.

„Само да го најдеме телото на нашата Данка, да знам што и направиле овие монструми и достоинствено да ја закопаме и да знаеме каде можеме да ја посетиме“, вели Милан Илиќ, дедото на убиената Данка за чие тело се трага десет дена откако е откриено дека Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ прво ја удриле со автомобил, а потоа ја убиле.

Во потрагата на потегот од село Злот до местото Шумраковац се вклучија и 50 припадници на Жандармеријата, а акцијата за пребарување ја води началникот на полициската управа Бор, Зоран Милијиќ.

Се пребаруваше коритото на реката Злот, како и акумулациите за вода.

Причината поради која се проверуваат цистерните и акумулациите е тоа што и двајцата осомничени за убиството на малата Данка работеле во ЈКП „Водовод“ и добро го знаат распоредот на тие цистерни, а поради работата редовно ги посетувале и знаеле за сите скриени места, па сега фокусот на пребарувањето е на тоа.

Популарно