Здравко усмрти дете, па отиде да се обеси од тага

Четиригодишниот Небојша И. од Србија настрада во страшна несреќа кога сосед, колега и близок пријател на татко му, го прегазил со возило.

Здравко Т. го прегазил малото момче додека трчало по населбата, а по трагедијата се обидел да се самоубие од тага. Секунди го делеле од смрт кога пробал да се обеси, но соседите го спасиле.

Сведоци велат дека детето се обидело да премине улица за да дојде до мајка си, налетал соседот со Голф со голема брзина, го кренал на хауба и усмртил на лице место.

Здравко во возилото влегол пијан и без дозвола, а неможејќи да си прости отишол да се обеси.

Еден од соседите ја ставил мајката во кола со детето, но му немало спас.

Трагедијата го потресе цел регион.

ОФИЦИЈАЛНО: Во моментов 64 лица се водат за исченати во Македонија

На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи како исчезнати се запишани 64 лица.

Најстариот отворен случај за исчезнато лице е оној за Веле Дојчиновски, роден 5 март1960 година во с.Тресонче, а кому му се губи траг во арил 1992 година.

Последниот запишан на овој список e 65-годишниот скопјанец Абдул Алибен, за кого веќе 20 ден не се знае ништо.

Тука е и 26-годишниот Пинета Секондо-Пино

Откриен идентитетот на починатата девојка во Волково

Дваесет и деветгодишната скопјанка Моника Ѓ. е пронајдена мртва.

Од полицијата велат дека телото на девојката е забележано утрово околу 9.50 часот на нива во близина на последната автобуска постојка во селото Волково.

– На нејзиното тело не се забележани видливи траги од насилство. Телото е предадено за обдукција поради утврдување на причините за смртта. – велат од МВР.

-На 22 февруари 2019 година во 9:50  часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково, информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој потврди дека на местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ (29) од Скопје, а смрт без видлвии траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Нови детали за смртта на девојката во скопско Волково

Немало траги на насилство врз телото на младата девојка која утрово беше пронајдена мртва во скопско Волково. Полициски извори  велат дека најверојатно станува збор за ненасилна смрт.

Девојката, според неофицијални информации имала здравствени проблеми.

Од МВР само го потврдуваат случајот но не откриваат повеќе детали.

Популарно