Овие навики треба да ги заборавите

 Често по навика комбинираат одредени намирници за кои повеќето од нас мислиме дека се одлична комбинација. Еве кои три вообичаени комбинации на намирници се всушност прилично лоши.

Чај со млеко

Без оглед на тоа дали пиете црн или зелен чај, и двата се многу богати со антиоксиданси кои поволно влијаат на намалување на воспаленијата со низок интензитет.

Притоа, зелениот чај е малку поздрав, затоа што има помалку кофеин, а повеќе корисни состојки. Но ако во чајот додадете млеко, без оглед дали станува збор за кравјо или за растително (од соја, ориз и слично), протеините од млекото се врзуваат токму за антиоксидансите и го спречуваат нивното апсорбирање. А што се однесува до млекото, во таа комбинација една од главните добри состојки на тој напиток, калциумот, не може да се искористи, бидејќи кофеинот ја попречува апсорпцијата на калциум.

Значи, ако сакате да додадете нешто добро во својот чај, наместо млеко, исцедете малку лимон.

Леб и мармалад

Особено е лоша комбинацијата на бел леб и мармалад, затоа што простите јагленохидрати, кои ги содржи мармаладот, нагло го креваат шеќерот во крвта, а белиот леб исто така има висок гликемиски индекс. Но, не е добра ниту комбинацијата на интегрален леб и мармалад, затоа што истражувањата покажале дека интегралниот леб прилично го крева шеќерот.

Наглите скокови на шеќер во крвта го исцрпуват панкреасот, а исто така доведуваат до енергетска клацкалка, затоа што следуваат нагли падови. Наместо мармалад, намачкајте на лебот путер, кој според повеќе нови истражувања, е сепак здрав, а освен тоа, значително ќе го забави темпото со кое шеќерот од лебот доспева во крвта.

Салата со диетални преливи

Салата прелиена со оцет, лимон и слично, но без масло. Ако од диетални причини избегнувате да додавате масло во салатата или користите готови, т.н.диетални преливи, би требало да знаете дека со тоа ја попречувате апсорпцијата на многу важни нутриенти. Истражувањето објавено во списанието American Journal of Clinical Nutrition покажало, на пример, дека исклучително здравите каротиониди, на пример, од морковите, многу подобро се апсорбираат ако добро ја замастите салатата, а така е и со другите здрави состојки на кои за да бидат апсорбирани им треба одредена количина маст.

Според тоа, слободно прелијте ја салатата со една – две лажици маслиново масло, масло од тиква или некое слично здраво масло, наместо со диетални преливи.

Како да „немате“ мозолчиња после депилацијата?

Дали секогаш имате мозолчиња после депилацијата ?

Иако се здодевни, ова не е невообичаено. Бидејќи восокот ги отстранува несаканите влакна, исто така, го отстранува горниот слој на кожата, што ги прави порите многу повеќе изложени на сè и на тој начин доаѓаат во контакт со разни нечистотии.

За среќа, со некои мерки на претпазливост, можете да спречите појава на мозолчиња во иднина.

Чекор 1: Направете лесен  пилинг пред депилација со восок. Не смее да има шминка, нечистотија или мртви клетки на кожата.

Чекор 2: Кога ќе се вратите дома, веднаш избришете ја површината на кожата со крпа натопена во течност која е антисептична и смирувачка. Покрај тоа, не ја допирајте свежата, мазна површина со рацете.

Чекор 3: Ако вашата кожа е црвена или иритирана, изладите ја неколку минути со мраз, а потоа  применете крем за да се намали воспалението.

Чекор 4: Избегнувајте топлина, пареа и облека 48 часа по депилација. Како што веќе рековме, дел од горниот слој на кожата се отстранува за време на депилацијата, што ја прави почувствителна на иритација и инфекција. Чувајте ја кожата чиста и стерилна после депилација.

Чекор 5: После неколку дена започнете со редовен пилинг за да спречите ширење на мозолчиња. Нанесете благи механички пилинг ако вашата кожа е почувствителна.

Што ако, и покрај сето ова, добивате мозолчиња? За да ја отстраните косата во областа на усните употребувајте тенки ленти со ладен восок и употребувајте шеќерна паста во делот  на „ бикини“ зоната  за депилација, во која лентите не се користат и затоа е помалку абразивна метода.

Ова е „спас“ од висок притисок

Новата студија покажува дека конзумирањето на една чаша без сол сок од домати може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, а истовремено да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, пишува Health Line.

Јапонските истражувачи на оваа студија работеа една година, и откриле дека луѓето кои консумираат една чаша сок од домати, еднаш на ден, имаат помал притисок. Истата група луѓе ги стабилизира нивоата на холестерол, што е одлична вест за оние кои страдаат од срцеви заболувања. 

Студијата спроведена од страна на CDC откри дека годишно само во САД 610.000 луѓе умираат од срцеви болести. Секоја година околу 730.000 Американци страдаат од срцев удар, од кои 525.000 првиот срцев удар, додека 210.000 луѓе кои се соочуваат со срцев удар за по втор пат во својот живот. 

Во истражувањето со сокот од домати учествувале 481 луѓе, од кои 184 се мажи, а 297 жени. Тие можат  во една година да пијат колку сакаат сок од домати на ден, и секој ден да бележат колку чаши испиле.

Важно е да се напомене дека доматите имаат други здравствени придобивки. Тој е богат со антиоксиданси, помага при кардиоваскуларни болести и ги подобрува шансите за зачнување.

Што го предизвикува чешањето по однос кај жените?

Иако е навистина неудобно, чешањето после сексот не е невообичаена појава. Постојат неколку можни причини за чешање, како на пример сува кожа или алергиска реакција на латекс. 

Но чешањето може да потекнува и од некои сексуално преносливи болести, па важно е навреме да откриете која е причината.

Добрите вести се што најчесто лесно можете да се ослободите од проблемот што го предизвикал чешањето.

Сперма

Иако е многу ретка, постои алергиска реакција на протеините во спермата. Симптомите можат да се развијат при првиот сексуален однос, но и подоцна и со друг сексуален партнер.

Имено, можно е со еден партнер да имате алергиска реакција, а со друг не. Алергијата може да се појави и ако сте долго со ист партнер.

Симптомите најчесто се јавуваат во рок од 10 до 30 минути после контактот, а се манифестираат со чешање, црвенило, отекување, болка и пецкање.

Латекс

Алергијата на латекс е реакција на протеините кои се наоѓаат во латексот. Доколку ја имате оваа алергија, реакцијата може да се појави после контакт со кој било производ што содржи латекс, вклучувајќи ги и кондомите.

Благите симптоми вклучуваат чешање, црвенило и осип, а понекогаш дури и кивање, солзење и проблеми со дишењето. За среќа, денес постојат и кондоми без латекс.

Сувост на вагината

Сувоста е честа причина за чешање после секс. Може да настане сувост на срамните усни или сувост на вагината. Ова се случува кога вагината не произведува доволно секрет, а најчестите причини за ова се хормоналните промени.

Друга причина за сувост може да биде недоволна возбуда за време на сексуалниот однос, контрацепциски пилули и други лекови, или некои здравствени проблеми.

Покрај чешањето, за време на и после сексуалниот однос може да се појави болка, зголемена потреба за мокрење или инфекција на мочниот меур.

Нарушена рН вредност

рН е вредност која служи за мерење на киселоста и се мери на скала од 0 до 14. рН вредноста на вагината би требало да изнесува помеѓу 3,8 и 4,5.

Ова ниво на киселост создава заштитна бариера што го спречува настанувањето на штетните бактерии и воспаленија. Високата рН вредност го зголемува ризикот од вагинални инфекции, кои пак предизвикуваат чешање.

Други симптоми вклучуваат непријатен мирис и печење за време на мокрење. рН вредност може да се наруши поради незаштитен секс, антибиотици, доење и менопауза.

Полово преносливи болести

Постојат голем број полово преносливи болести што можат да предизвикаат чешање, а една од нив е трихомонијаза. Оваа инфекција предизвикува обилен вагинален исцедок со непријатен мирис, како и чувство на пецкање за време на мокрење или сексуален однос.

Друга болест што предизвикува чешање е кламидијата. Симптомите се обилен вагинален исцедок и пецкање, но многу луѓе не ги забележуваат на почетокот.

Гонорејата е една од најчестите полово преносливи болести. Доколку не се лекува, може да предизвика сериозни компликации кај половите огани. Првите симптоми вклучуваат болно мокрење, обилен исцедок и крварење од вагината.

Гениталниот херпес го сочинуваат два вируси – тип 1 и тип 2. Иако симптомите не се појавуваат секогаш, некои луѓе добиваат еден или повеќе пликови на или околу гениталиите, болки во телото и слично.

Гениталните брадавици понекогаш можат да се претворат и во рак. Тие можат да бидат остри, рамни или големи. Симптомите се чешање, пецкање и крварење, но секако не треба да паничите, туку само да се проверите доколку често се случува.

Популарно