Четири жени дневно заболуваат од рак на дојка во Македонија: Ова се симптомите

Ракот на дојка е најчест облик на тумор кај жените, а од оваа болест месечно заболуваат дури 250 жени, додека 90 од нив ја губат битката против болеста. Целиот октомври е месец на борбата против рак на дојка. Карционом на дојки го сочинуваат 25 посто од сите карциноми кај жената па важно е превентивно да му се пријде на тој проблем. - СЗО предвидува дека бројот на заболени од рак ќе се зголеми од 14 милиони во 2012 на 24 милиони во 2035 година, додека бројот на починати ќе порасне од 8,2 милиони на 13 милиони годишно -предупредува др. Илона Сушац, специјалистка по онкологија и радиотерапија од една поликлиника. 

Иако генетиката е важна и научните истражувања јасно го поврзуваат постоењето на генетските мутации со конкретни видови и подвидови на рак кај луѓето, за да дојде до развој на туморски болести потребни се низа штетни фактори, кои, зависно од силата и длабочината на дејството, влијаат на местото на појавување на тумор во организмот, брзината на неговиот развој и прогноза на болеста. 

- Кога жените би оделе на ултразвучен преглед на дојки од 25 години еднаш годишно, на мамографија од 45 секои две до три години и на гинеколошки преглед со Пап тест и ултразвук еднаш годишно, голем дел од туморите на овие органи, кои сочинуваат 50 посто од сите видови рак кај жената, би се откриле во фаза во која е можно излекување -истакнува дрСушац. 

Внимавајте на симптомите 

Ако на градите забележите симптоми како тврдо задебелување, оток, топлина, црвенило на кожата, промена во големината или обликот на дојката, издигнување, болка на едно место која не поминува, вовлекување или оток на кожата, чешање, раничка или осип на брадавицата или вовлекување или исцедок од едната брадавица кој почнува нагло и се јавува само на еден отвор на брадавицата, важно е веднаш да се обратите на лекар, предупредува др. Сушац. 

Во моментот во кој грутката може да се напипа или дошло до наведените промени, ракот доста напредувал. Затоа е важно редовно да извршувате превентивни прегледи (мамографија и ултразвук) со кои ракот на дојка може да се открие во фаза во која уште не може да се напипа односно види. 

Самопреглед 

Затоа редовното прегледување на гради, најдобро седмиот ден после почетокот на циклусот. Ако сте во постменопауза, изберете го првиот или последниот ден во месецот. Најдобро е да се прегледувате пред или во текот на туширање. Обратете внимание на промената во големината, обликот и положбата на брадавицата дали оди крв или исцедок од нив. Побарајте дали имате грутка, задебелување или набор на кожата. 

Исто така внимавајте на воспаление или осип на дојката, дали вените се поистакнати од обично и дали имате поинакво чувство во некоја од дојките. Ако забележите што било необично, посетете лекар. Во повеќето случаи се работи за безопасни грутки. Ако имате повеќе од 50 години, со редовен самопреглед, задолжително одете и на мамограф еднаш годишно. 

Корисни чекори за спас од карцином

Престанете да пушите-Се смета дека пушењето е главен фактор ризик за околу 20 посто од глобалната смртност од рак и околу 70 посто на глобална смрт на бели дробови

Регулирајте ја тежината-Дебелината се смета за значајна причина за појавана ендометриски рак, рак на панкреасот и рак на бубрезите, жолчниот меур и рак на дојка

Телесна активност-Британски експерти тврдат како почесто практикување на телесна активност, како брзо одење барем три пати по половина часа неделно, годишно само во таа земја спречило 10 000 случаи на рак на дојка и дебело црево

Редовен самопреглед – Внимавајте на промени во големината, облик или положба на брадавици т.е дали има крв или исцедок од нив. Побарајте грутка, задебелување, набор, воспаление или осип на дојките

Здрава исхрана-Исхрана на база на пет оброци овошје и зеленчук на ден, со воведување на домати, цитрус, зелен лиснат зеленчук, кромид и лук, со многу црн и зелен чај, се смета за главен облик на превенција. Медитеранската исхрана е исто така добар извор.

Одговорно надворешно однесување - Заштита со вакцини за некои видови на рак (во земји со ниски и средни приходи инфекции како што се ХБВ / ХЦВ и ХПВ, се одговорни за околу 20 проценти од смртните случаи на рак).

10 намирници во борба против рак на дојка

Кељ, брокула, карфиол

Зрнесто овошје-капини,боровинки, јагоди…

Куркума

Смокви

Соја

Сливи и шолја чај

Лук

Портокали

Калинка

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно