ВИДЕО: Путин го подржа потегот на Хабиб!

Рускиот претседател Владимир Путин целосно ги оправда постапките на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, велејќи дека „секој би го направил истото“ откако борачот се судри со членовите на тимот на Конор Мекгрегор по победата над него поради провокациите на етничка и религиозна основа.

По убедливата победа на Дагестанецот над Мекгрегор во саботата, Путин му се јави на Хабиб и му честиташе за „вредната и убедлива“ победа, а сега по состанокот во градот Уљановск, Путин изјави дека „секој би го направил истото“.

„Кога си нападнат однадвор, не само ти, туку сите ќе скокневме на таков начин. Тогаш ќе му дадеш пекол на противникот. Но, секогаш е подобро да не дојдеш до тој степен“, му кажа Путин на Хабиб и на неговиот татко и тренер Абдулманап.

Покрај тоа, Путин го замоли таткото на Хабиб, Адбудлманап да не биде премногу строг кон него, откако тој порача дека ќе го казни за однесувањето.

30-годишниот Нурмагомедов најверојатно ќе биде казнет поради тепачката по мечот, за која се извини и за која тврдеше дека бил испровоциран од постојаните навреди.

Академија Пандев го освои трофејот во Купот на Македонија.

Фудбалската екипа на  Академија Пандев за првпат во клупската историја го освои трофејот во Купот на Македонија. Во 27.финале Струмичани беа поуспешни  од Македонија ЃП после подоброто изведување пенали (4-2). Во регуларниот тек, а и после продолженијата, мечот заврши 2-2.

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, заслугите им ги препиша на фудбалерите, честитајќи му и на противникот за коректниот натпревар.

„Ова е голем ден за Академија Пандев, првпат во историјата го освоивме трофејот во Купот на Македонија. Честитки за фудбалерите, одигравме квалитетно финале, покажавме карактер и голема желба за триумф. Се играше отворен фудбал, беа постигнати четири гола, а пеналите се лотарија, имавме подобра концентрација и се разбира, среќа. На најдобар начин ја заокруживме оваа сезона“, изјави тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.

Хари Костов нов сопственик на РК Вардар?

Бизнисменот Хари Костов влегува во ракометниот првак и го презема управувањето со РК Вардар, неофицијално дознава Скопје Инфо од извори во клубот. Изворите брифираат дека клубот преговара и со други поголеми спонзори, но речиси е сигурно дека Комерцијална Банка ќе биде главниот спонзор на Вардар и дека работењето со клубот ќе го менаџира успешниот банкар Костов.

Промената во структурата на финансирање доаѓа по најавата дека Сергеј Самсоненко се повлекува од клубот и информациите дека најголемиот дел од ракометарите спасот си го бараат во трансфер и потпишување договори со други клубови.

На крајот на овој месец РК Вардар ги игра последните натпревари од оваа зема како дел од финалето на Лигата на шампионите. Каква ќе биде судбината на клубот ќе се знае многу наскоро.

ВИДЕО: Цел свет му се смее на овој боксер

Боксерот не се надеваше на нешто вакво…

Сакајќи да ја покаже неговата моќ и сила, издржувајќи неколку удари по ред ги рашири рацете, но тоа беше неговиот последен потег.

Погледнете го видеото, на коа има и други интересни моменти:

Популарно