Пукотници на границата со Грција

Околу 19.30 часот вчера попладне  во близина на граничниот премин Богородица – Евзони помеѓу Р.Македонија и Р.Грција дошло до краток инцидент во кој припадници на АРМ истрелале неколку рафали во воздух, во обид да одвратат поголема група на нелегални мигранти да влезат на Македонска територија. Како што се дознава, при редовна патрола на АРМ на граничната линија со Р.Грција, во близина на мигрантскиот камп кај Гевгелија дошло до помал инцидент во кој војниците на АРМ биле приморани да отворат оган во воздух, за да одвратат поголема група на мигранти да влезат на македонска територија.

Владимир: Полицијата ми пиша 9 казни за еден час!

Четириесет и четири годишниот Владимир Жуниќ од Пријеполе вчера немал голема среќа со сообраќајната полиција, која во рок од само 1 час му пишала дури 9 прекршочни пријави.

Приватниот автопревозник бил запрен од сообраќајната полиција која му напишала 9 казни.

-Час и полиовина полицајци ме држеа покрај патот и ми пишуваа казни. Не можев да верувам што ми се случува и сето тоа го доживеав како класично изживување. Отидов до командирот на полицијата да прашам дали е ова можно, но не беше на рабопта, ми рекоа да дојдам после 15 часот - рекол Жуниќ за „Гласот на западна Србија“.

Додал дека бне направил толку големи прекршоци за да добие толкав број казни.

-Ми напишаа пријави за тахограв лента. Ја сум приватен превозник, но не знаев дека тахограф листот треба да го извадам кога ќе завршам со возење, и за тоа е во ред да ми напишат казна, не знаев, сега знам,. Потоа, имам казна затоа што не сум носел некои потврди, но главно со тие потврди се лажира изгвештај. Тие од нас бараат да возиме камион и да  бидеме машини за куцање. Не можам да бидам возач и дактилограф во исто време - наведува Жуниќ.

Од друга страна, познавачите на сообраќајните правила велат дека полицајците постапиле по законот кога ги пишувале пријавите.

Жуниќ има свој камион, пријавен е и уредно плаќа придонеси, а сега треба да плати уште 23.400 денари (45.000 динари) за девет казни, или половина ако плати во одреден рок.

Ципрас по оставката на Коѕијас: На Скопје му порачувам да....

Сакам да ги охрабрам соседите да продолжат со процесите, смело и решително да го направат одлучувачкиот чекор во завршување на обврските од историскиот Договор од Преспа, затоа што нема да постои друга можност, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во изјава по прифатената оставка на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас во четириминутната изјава испрати пораки во повеќе насоки, како до нашата земја, така и до внатрешноста на Грција, но и до членовите на неговата влада.

-Сакам во исто време да испратам порака до нашите соседи кои овие денови ги имаат нивни процеси како што се предвидува од Уставот, за да продолжат кон уставни промени, промена на нивното уставно име, како што предвидува Договорот од Преспа. Сакам да ги охрабрам да одат напред со решителност и смелост, бидејќи нема да постои друга можност. Сакам уште еднаш да изјавам дека Грција нема да прифати интеграција на нашата соседна земја во било која меѓународна организација во која веќе членуваме, во случајов Европската унија и НАТО, со уставно име – Република Македонија, рече грчкиот премиер.

Алексис Ципрас објасни дека со болка во срцето ја прифатил оставката на Коѕијас, истакна дека оваа одлука, но и одлуката тој самиот да го презеде Министерството за надворешни работи во следниот период е одлука со повеќе пораки, како кон надворешноста, така и кон внатрешноста, но и кон неговата влада, дека нема да толерира „никаква лична стратегија во националната линија на земјата“ и во исто време дека нема да толерира од никој, свесно или несвесно, да го загрози текот на земјата кон излез од кризата.

-Решив во следниот период самиот да го преземам Министерството за надворешни работи и неговата одговорност. Испраќајќи во исто време порака дека овој мој избор е избор што ја сигнализира мојата одлучност да направам сѐ што е во мои раце и да обезбедам успешно завршување на историскиот Договор од Преспа што ја надградува меѓународната улога на земјата, рече Ципрас.

ВИДЕО: Во мобилниот телефон на Владислав Рослјаков пронајдена страшна снимка која ја направил пред да се самоубие

За масакрот во Политехничото училиште во Карч, во источниот дел на Крим, одговорен е 18-годишниот Владислав Рослјаков.

Тој прво одел низ училиштето и пукал, а потоа поставил бомба полна со метални делови во кафетеријата, за на крајот да изврши самоубиство. Во крвавиот поход убил најмалку 18 луѓе, а ранил 70 лица. 

Неговото безживотно тело било пронајдено во библиотеката на вториот кат на училиштето. Кај него бил пронајден неговиот мобилен телефон со последното видео кое го снимил пред да се самоубие. Владислав бил ученик во четврта година.

Истражниот комитет на Русија кривичното дело го преквалификувало од терористички напад во убиство на две или повеќе лица. Комитетот соопштил дека убиените во нападот настрадале од прострелни рани.

Во училиштето во текот на претресот биле откриени и други експлозивни направи! Премиерот на Крим, Сергеј Аксијонов, вели дека напаѓачот делувал сам.

Популарно