ВИДЕО: Излезе трејлер за новиот хорор на Стивен Кинг

Доколку сте љубители на добри хорор филмови кои ви влеваат страв во коски, трејлерот за новиот филм на Стивен Кинг ќе ги задоволи сите ваши потреби.

"Pet Sematarу" е римејк на култниот филм од 1989 година, снимен според истоимениот роман на Стивен Кинг, кој многумина го нарекуваат негово најдобро дело. 

Во филмот кој започнува со преселба на среќно семејство на еден идиличен имот на село, набрзо почнуваат да се случуваат чудни работи. Имено, зад куќата во која семејството се доселило се наоѓаат гробишта за домашни миленици, а за она кое следува ќе морате добро да ги припремите очите, ушите и нервите.

Римејкот на хоророт пристигнува во април 2019 година, а засега ќе мора да се задоволите со трејлерот за едно од најпознатите дела на Кинг.

ФОТО: Синан од „Ќерките на Фазилет" пушти стомак

Турскиот актер Алп Навруз или во јавноста попознат како Синан од серијата „Ќерките на Фазилет“ ужива во летото, но сите забележаа дека пуштил стомак и накачил некое кило иако важи за заводник со топ тело.

Тој е фотографиран на плажа заедно со актерката Хазал Филиз Кучукосе, која пак ја гледавме како Зејнеп во серијата „Карасевда“.

ФОТО: Убавата турска актерка застана на лудиот камен

Убавата актерка од „Забранета љубов“ и поранешна мис на Турција, Амине Гулше, во петокот застана на лудиот камен. Таа се омажи за турскиот фудбалер Месут Озил.

Турската актерка за оваа посебна пригода носеше раскошен фустан, а со нејзиниот партнер направија традиционална свадба и ги испочитуваа сите турски обичаи.

Од своите гости побараа да не им носат скапоцени подароци, а парите што требале да им ги дадат како подарок, всушност ќе бидат уплатени за хуманитарни цели во фондација за лечење на болни деца од целиот свет.

Погледнете како изгледаа младенците:

Убавата турска актерка се разведува

Медиумите во регионот на големо пишуваат за распадот на бракот на убавата турска актерка Берен Сат која ние ја гледавме како Фатмаѓул во истоимената серија на Сител, и  пејачот Кенан.

- Фала што ми беше партнер во оваа несреќна романса. Ти ќе пишуваш нови песни, а јас не сум ни лута, вреден си за секоја моја солза. Беше како што беше, сакав што те сакав. Среќен роденден, се заљубив во тебе, напиша актерката, а на турските медиуми им беше доволно да кажат дека се разведува.

Популарно