ФОТО: Селена Гомез е хоспитализирана поради нејзиното ментално здравје и депресија

Пејачката Селена Гомез, вчера била хоспитализирана поради емоционална нестабилност, пренесува таблоидот „TMZ“.

Во болница завршила и пред околу две недели, поради алармантно низок број на бели крвни зрнца, после трансплантацијата на бубрег и пуштена е на домашно лекување после неколку дена, кога нејзината здравствена состојба се стабилизирала, наведуваат бројни извори блиски на пејачката.

Но, проблемот се повторил и Селена повторно била хоспитализирана против своја волја, поради што доживеала емотивна нестабилност, па е префрлена во психијатриска установа, каде што ќе престојува и понатаму, пишува „TMZ“.

Во периодот кога прв пат била хоспитализирана, Селена на Инстаграм објавила дека некое време ќе се повлече од социјалните мрежи, а пред да го направи тоа, преку лајв видео им одговарала на прашања на своите обожаватели, поврзани со нејзиното ментално здравје и депресија.

Иако како главна причина за повлекувањето од социјалните мрежи го навела нејзиното ментално здравје кое сака да остане нормално, многумина нејзината емоционална нестабилност ја поврзале со венчањето на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер со манекенката Хејли Болдвин.

Големиот хит на Тоше „Соба за тага“ во себе крие тажна приказна

Денеска се навршуваат 11 години од смртта на Тоше Проески.

Еден од најголемите хитови на нашиот Тоше Проевски е музичката нумера насловена „Соба за тага“. До сега, оваа музичка нумера не ја следеше никаква историја зад нејзиното смислување, но во последно време полека се откриваат вистинските легенди околу текстот на оваа песна.

На кратко, пред се би ве потсетиле на рефренот од истиоимениот текст, а потоа ќе ви ја откриеме и целата вистина на авторот кој стои зад трагичните зборови.

„Помеѓу врати и прозорци

на кревет спомени лежат

тука се моите чекори

но како олово тежат

Моја си замка паднав и спијам

сите си мислат дека се кријам

нема да пројде само од себе

се ме боли после тебе !“

Се зборува, дека оваа песна ја напишал маж и тоа за време на одлежувањето на неговата казна за убиство на љубовникот на нејзината сопруга.

Стиховите стигнале до менаџерката на Проевски, која внимателно ги проследила и заклучила дека ќе бидат хит.

Кружат гласини и дека затвореникот – текстописец, воопшто не барал никаков паричен надоместок за направеното ремек дело. Единствено, сакал да стои посвета во оригиналниот албум, што и навистина се случило

Но, секогаш постојат два правци, две приказни, две вистини, две легенди. Втората приказна е сепак малку поблага помалку драматична. Таа објаснува дека сепак станува збор за затвореник, но тој не одлежувал казна за убство, туку за кражба на банка. А песната била напишана за неговата девојка.

На што ќе верувате вие тоа останува на вас самите.

ВИДЕО: Одлично пееше, но на крајот ја преплаши цела сала!

Томи Лудфорд непланирано го изненади жирито на X Fackor и ја преплаши публиката, по одличниот настап на сцената.

Младиот пејач, во сценскиот занес тргна наназад и заборави дека сцената оваа сезона е различна.

„Битлси“ го имаат најпопуларниот албум во британската историја

Албумот на Битлси „Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band“ е прогласен за најпопуларен британски албум во историјата, соопшти британската компанија Ofissl ccarts kompani.

На овој албум, познатата четворка од Ливерпул ги објави своите големи хитови како „Со мала помош од пријателите" и многу други.

По објавувањето на тој албум бендот престана да оди на турнеи и се фокусираше на студиска работа под водство на продуцентот Џорџ Мартин.

На топ листата на најпопуларни албуми зад Битлси се најде Адел со албумот „21“ и групата Оејзис со албумот „(What's the Story) Morning Glory?“.

Популарно