ВИДЕО: Објавена снимка од убиството на Инстаграм ѕвездата

Инстаграм ѕвездата од Ирак, 22-годишната Тара Фарес е убиена додека била зад воланот на своето порше, а непознатите мажи кои низ прозорецот испукале три куршуми, снимени се како бегаат на мотор.

Снимката која се појави во јавноста прикажува автомобил како полека се движи по улица во Багдад, додека убиецот седи на мотот на кој го чека соучесник и потоа заедно заминуваат. Поранешната Мис Багдад има повеќе од 2,6 милиони следбенци на Инстаграм и била позната по отворените ставови за слободата, животот и религијата.

Министерството за внатрешни работи соопштило дека девојката била уабиена од позната криминалистичка екстремистичка група, но не е познато дали убиецот е уапсен.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tara Fares | تاره فارس (@its.tarafares) on

Фарес на својот Инстаграм профил објавувала свои фотографии нашминкана, во фармерки во проѕирни блузи кои ги откривале нејзините тетоважи.

Отворено зборувала за краткиот брак во кој стапила кога имала 16 години, како и за сопругот насилник кој објавувал нејзини интимни фотографии на интернет и го одвел нејзиниот син кој сега има 3 години.

Зборувала и против верските, племенските и политичките лидери. Додека многумина млади Иранци ги споделувале нејзините објави, другите ја критикувале провокативната антиисламка.

ВИДЕО: Нудист реши да се избања заедно со ајкули

Гол човек одлучи да се бања во базен полн со ајкули во Торонто.

Полицијата прими повик за овој необичен настан во петокот наутро.

На видеото кое е поставено на социјалните мрежи се гледа човек како плива опкружен со ајкули додека во позадина се слуша женски глас кој вели: „Мој Боже“.

Обезбедувањето го замолило да излезе, и изгледало како да ги послушал. Но во последен момент направил салто наназад и повторно завршил во вода.

Според зборовите на портпаролот на полицијата тој на крајот излегол од аквариумот и исчезнал.

ВИДЕО: Разлутеното животно го гризна за рака, а потоа тргна кон главата

Гризли нападна ловец во националниот парк Јелоустон во САД, го гризнал за рака, а потоа со шепата го изгребал по окото.

Ловецот Боб Легас (57) го спасил друг ловец кој бил во непосредна близина.

Ова е седми напад на луѓе од мај на ова подрачје.

Неверојатна случајност го спасила таткото на водителката од сигурна смрт

Во автомобилот на српската водителка Маријана Мичич беше подметната бомба, а автомобилот експлодирал кога татко и се качил во возилото.

Сепак е само полесно повреден поради неверојатен сплет на околности.

Бомбата е активирана кога поминувал на лежечки полицаец, па се закачила бомбата за полицаецот и така само го исфрлила таткото на водителката.

Популарно