ФОТО: Тамара во мрежест проѕирен фустан во покажа трудничкото стомаче

Македонската пејачка Тамара Тодевска го очекува своето второ дете, за кое заедно со сопругот открија дека е момче и ќе се вика Дарен.

Тамара јавно на социјалните мрежи откри дека заминува на боледување и на фановите им најави средба следната година.

Пејачката одличи да изненади со секси фотографија со која покажа дека и трудниците умеат да бидат и тоа како заводливи.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

ФОТО: Стефан од „Некст Тајм“ ги покажа своите неоткриени квалитети, а се пофали и со уште еден успех за гордост

За браќата близнаци од „Некст Тајм“ е добро познато дека кога е во прашање музиката и кариерата, трпеливо и внимателно избираат што ќе и понудат на публиката, а ваквата девиза им се покажа како успешна.

Кога пак приватноста е во прашање, за Мартин е познато дека го обожава фотографирањето, а пак Стефан освен што е вљубеник во моторите, сега откри дека има квалитети и за готвење во кујна.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Vintage soul!!! #caferacerxxx #caferacer #bratstyle #caferacers #motorcycle #oldtimer #hondacb #hondacb650 #hondacb750 #honda

A post shared by Stefan (@stefan_filipovski) on

Дека ужива во одлично приготвените рецепти по сопствен вкус, покажа со една од последните фотографии на која го откри своето кулинарско дело, односно мајсторски подготвениот говетски стек, сервиран како од ресторан.

Дамите кои готват, па и оние што не така добро се снаоѓаат во кујна, сигурни сме дека би се воодушевиле, но најмногу неговата сакана која очигледно е среќничка што има ваков шеф крај себе.

Браќата не се од оние познати личности кои преферираат активно окупирање на социјалните мрежи и знаат да се пофалат само кога има нешто големо, како во случајот.

Имено, тие на официјалната страница на „Некст тајм“ објавија дека нивната преработка за песната „Слушам кај шумат шумите“ на интернет каналот Јутјуб достигнала 4 милиони прегледи и поради ваквиот успех се заблагодарија на сите оние што им помогнаа во остварување на соништата.

Во продолжение уживаjте во празникот за уши и очи со кој браќата со право се гордеат:

ФОТО: Водителката на „Бекстејџ“ направи драстична промена

Неодамна на ТВ екраните се врати и естрадниот магазин „Бекстејџ“  во кое од прилозите може да дознаете интересни новитети за личностите од јавниот свет.

Миа Костова пред ТВ екраните секогаш изгледа средена и подготвена кога камерата треба да е „он“.

Таа редовно го негува својот изглед, а русата коса е нејзин заштитен знак.

Меѓутоа, овој пат ги изненади своите следбеници кога на „Инстаграм“ објави фотографија на која водителката не е повеќе русокоса, туку има црна коса.

Сепак, станува збор за перика за  рекалмирање на еден бренд на која самата водителка е заштитно лице.

Некои од фановите и коментираа дека подобро и стои русата коса, некои истакнаа дека  и вака изгледа убаво.

Како ви се допаѓа Миа со црна коса?

Аца Лукас: На тие мајмуни ќе им ги извадам очите

Веќе седумнаесет пати се враќа од мртвите, односно слуша за себе дека починал. Не е лесен животот на познатите пејачи на Балканот, а се чини Аца Лукас е рекордер во оваа категорија.

„Мене навистина не ме погоди. Првите три – четири пати беа критични, а потоа ми беше полесно. Првиот пат сите ми се јавуваат и молчат, а еден другар ми кажа: „Ацо, ти ли си“? Јас сум. Па, пишува дека си умрел“. Па умрев, сега сум на својот погреб има многу луѓе“ се пошегува Лукас на своја сметка и додава.

„Јас првиот пат правев драма. Мајка ми плачеше иако седев пред неа. Кого да тужам, кога тој профил е лажен. Единствено, можам да ги најдам тие идиоти и да ги удрам по глава, да ги претепам бидејќи на друг начин не може да ги научиш или доколку има закон да одат во затвор. Можам да ги најдам многу лесно“ вели пејачот во Утринската програма на „Пинк“ и додава:

„На социјалните мрежи некој кретен може да пишува што сака, глупости за мене, Слоба, Брена бидејќи е љубоморен, жената го тепа дома не смее ништо да и каже,или живее со мајка му. Има 57 години и никогаш не се омажил, такви луѓе седат дома и плукаат по успешните луѓе. Јас не се нервирам, но, ако некогаш напишат лошо за моите деца, на таквите мајмуни ќе им ги извадам очите, еве јавно кажувам“ вели револтирано пејачот.

Популарно