СЈО нема да ги гони само Георгиевски, Ѓорчев и Груевски

СЈО информира дека е направена техничка грешка во текстот за новоотворената истрага под кодно име „Поштенска банка“ при што известува дека наредбата за спроведување на истражна постапка опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ и Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од КЗ и со истата се опфатени девет лица.

,,Во однос на застареноста на кривичното гонење за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ информираме дека застареност е настапена само во однос на лицата Љубчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев и Никола Груевски, додека за лицата Томе Главчев и Ратко Димитровски, согласно наредбата за спроведување истражна постапка, на товар им се става сторување на кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ и Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик на РМ”, информира СЈО.

Како избегал Груевски и дали имал бугарски пасош?

Сите очи се вперени во власта на Виктор Орбан која се смета дека можеби и соучесник во организацијата на бегството на Никола Груевски, за кој се зборува дека можеби користел и бугарски пасош за да ја премине границата.

Но најсериозната информација која ја објави еден унгарски медиум е дека е можно Никола Груевски да го реалзиирал патот Скопје-Будимпешта со бугарски пасош.

-Проверете со бугарските власти, бил одговор на член на унгарската влада кој има јурисдикција врз прашања поврзани со азилот на Груевски, кога новинарите на весниокот Непшава го прашале како успеал поранешниот македонски премиер да стигне до центарот на Будимпешта без документи кои му се одземени од судот во Македонија.

Како се организирало бегството на Груевски?

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и кој му помогнал во тоа. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конфереција информира дека во рамките на МВР во тек е постапка за утврдување на начинот на кој Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна, ја напуштил територијата на Република Македонија.

„Одделот за внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале во бегството, а дополнително Секторот за внатрешни работи Скопје го утврдува начинот на бегството, како и евентуално надворешни помагатели. По завршување на овие две постапки, МВР ќе излезе во јавност со целосна слика за тоа како се организирало бегството на Никола Груевски“, рече Бошњаковски.

Статус на Софија Куновска: Он е познат по тоа дека секогаш ја говори вистината

Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска со одличен фејсбук статус за случувањата во последните два дена.

Остро и категорично отфрлам шпекулации за некаков договор со Никола Груевски, изјави Зоран Заев. А он е познат по тоа дека секогаш ја говори вистината.

Популарно