Почина Милена Дравиќ

Славната актерка Милена Дравиќ починала ноќеска во клиничкиот центар Bežanijska kosa во својата 79 година.

Актерката била таму последните неколку денови, на лекување. Пред две и пол години остана без својот сопруг Драган Николиќ, после тоа се бореше со болеста, летово го помина во Пула и на Палиќ каде ја промовираше својата монографија.

Беше една од најславните актеркки во поранешната  Југославија.

ВИДЕО: Мигранти нападнаа и повредија момче во трамвај во центарот на Сараево

Триесетгодишниот А.Ш. вечерва е повреден во судир со мигранти, што околу 20 часот се случил во трамвај во центарот на Сараево.

Како што потврдуваат од Оперативниот центар на МВР, инцидентот се случил на трамвајска постојка кај Централната банка.

Според изјави на очевидци, двајца мигранти го нападнале момчето кое пробало да се одбрани, но бил прободен во пределот на окото. Според едни извори „со тап предмет“, а според други со нож.

– Едно лице затекнавме во трамвајот, го превезовме до Клиничкиот центар. Се работи за повреди кои потсетуваат на повреда од тап предмет, изјавиле во Итна помош за Дневни аваз.

Очевидци на настанот тврдат дека била спречена поголема трагедија, кога на несреќното момче на помош му притекнале двајца патници од трамвајот.

– Во трамвајот имаше хаос. Слушав викотници, потоа врисоци. По нападот мигрантите избегаа од трамвајот и се упатија кон ББИ. Најпрво пристигна Брза помош, која го одвезе повреденото момче, а потоа и полиција. Морничаво, раскажува соговорничка за Дневни аваз.

Трамвајскиот сообраќај еден час е во прекин, додека трае увидот.

Како што е објавено, полицијата се очекува да ги искористи снимките од видеокамерите од зградата на Централната банка, за да ги идентификува напаѓачите.

Како избегал Груевски и дали имал бугарски пасош?

Сите очи се вперени во власта на Виктор Орбан која се смета дека можеби и соучесник во организацијата на бегството на Никола Груевски, за кој се зборува дека можеби користел и бугарски пасош за да ја премине границата.

Но најсериозната информација која ја објави еден унгарски медиум е дека е можно Никола Груевски да го реалзиирал патот Скопје-Будимпешта со бугарски пасош.

-Проверете со бугарските власти, бил одговор на член на унгарската влада кој има јурисдикција врз прашања поврзани со азилот на Груевски, кога новинарите на весниокот Непшава го прашале како успеал поранешниот македонски премиер да стигне до центарот на Будимпешта без документи кои му се одземени од судот во Македонија.

Популарно