Велешанец починал по пад од височина од својот двор

Седумдесет и двегодишниот Б.Ѓ.(72) од Велес починал вчера откако се лизнал додека ги полевал дрвјата во дворот и паднал од висина од околу 10 метри на задниот дел од куќите на неговите соседи.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 08.40 часот, а се случил на улица „Богдан Прличков“ во Велес.

- Екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници го извадиле Б.Ѓ. од непристапниот терен, по што со возилото на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, каде била констатирана смрт, наведуваат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Само тој знаел што и се случува

Поранешното момче на Марија Чуриќ, водителката која се самоуби од Србија, знаело дека ќе се случи нешто лошо.

Тие заедно со години биле во турбулентна врска со која таа тешко се нсоела, па пред извесно време ставиле крај.

Тој се прости од неа со емотивна порака.

Напиша можеби наскоро ќе се сретнеме и остави цртеж.

Тој неколку дена пред самоубиството барал од Драган Којиќ кеба да му ги пее најтажните песни за неа, знаејќи дека таа е скршена.

Младиот кошаркар Андреј се фрлил од зграда

Дваесет и шест годишниот Андреј С., чие тело е пронајдено во 4 часот утрото меѓу понеделник и вторник, најверојатно извршил самоубиство.

Според првичните информации. Андреј се самоубил со скок од зграда во Јагодине, во која дошол работно. Полицијата се сомнева дека на тој потег се одлучил поради коцкарски долгови.

Неговото тело е пронајдено на улица, а полицијата прво се посомневала дека некој го удрил соп возило.

Меѓутоа, утврдени се повреди на главата и колковите, така што најверојатно станува збор за самоубиство, а во неговиот стан е најдено простувачко писмо.

Непосредно пред смртта на Фејсбук оставил морничав статус, со кој повикува затворање на сите обложувалници и казина.

Андреј се занимавал со кошарка и одбојка додека живеел во Краљево, а повремено работел и како одбојкарски тренер и држел часови за одбојка.

Ние не го убивме - виновна е метланта кутија на ЕВН!

Двајцата обвинети за убиството на Саздовски се изјаснија како невини, малолетничка ќе сведочи без присуство на јавност.

Бесим Беља и Скендер Демири двајцата обвинети за убиството на младиот Никола Саздовски, денеска во Кривичниот суд се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за убиството, објави ТВ 21.

Во воведниот говор адвокатот на Беља истакнал дека немал никаква намера да го лиши од живот сега веќе починатиот, и истакна дека смртта настапила поради метална кутија на ЕВН која се наоѓала на постојката за автобуси.

Асир Исмаиловиќ, бранителот на Демири рече дека ќе докажат дека ваквото обвинение не е основано, бидејќи ако обвинетите му побарале лична карта и почнале да го тепаат, зошто Обвинителството не навело какви дејствија презел. Според него, не е споменато дали делото е извршено со умисла или кој е мотивот. Адвокатите посочија дека ќе докажат дека правната квалификација на делото е погрешна.

Популарно