Си ја убил сопругата, па пукал среде улица

Педесет и тригодишен тетовец синоќа околу 22 часот и 30 минути смртно ја застрелал со пиштол својата една година помлада сопруга по што избегал, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите првични информации, настанот се случил во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица. По застрелувањето на сопругата тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило, но никого не погодил по што избегал.

Полицијата презема интезивни активности за негово пронаоѓање и приведување. На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, а повеќе информации за настанот се најавени во текот на денот.

Шестгодишно дете остана без татко

Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Полицаецот В.Ц. е женет и татко на 6-годишно дете. Важел за професионалец и бил назначен за ментор на полициските практиканти. Вчера тој заедно со 27-годишен полицаец практикант бил на повик на поплака од граѓанин во кумановската населба Ајдучка Чешма. Откако ја завршиле задачата се движеле кон возилото, но ги покосил возачот со мерцедес, објави Телма.

Телеграма со сочувство до сопругата и детето на загинатиот полицаец упати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Нова трагедија по падот на цесната на Солунска Глава

Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа кога леталото се урна во јужниот дел на Бугарија.

– Авионот „Зодијак“ со две седишта, беше на промотивна тура, а за време на летот едното крило се одвоило, при што авионот се урна во близина на стадионот во село Оризаре, каде имаше натпревар, изјави шефот на полицијата во Пловдив, Атанас Илков.

Тоа е вторпат од почетокот на април да се урне бугарски авион. На 2 април при пад на авион од типот „Цесна“ кај Солунска Глава загинаа четворица бугарски државјани. 

Георги Бошнаков и неговото семејство загинаа при падот на авионот „цесна" П210Н на 80 километри од Скопје, на планината Јакупица во близина на врвот Солунска Глава, а трагедијата ја потресе Македонија и Бигарија.

Детали за сообраќајката во Куманово

Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде синоќа се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.

Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол,  удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди.  Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош.

Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за вршење обдукција на телото на починатиот. Донесена е и Наредба за прибирање траги од лице место, фотографирање и скицирање како и натамошно вештачење со кое ќе бидат утврдени фактите во предметот.

Популарно