ФОТО: Викторија Бекам после 10 години конечно откри зошто ги напушти Spice Girls

Викторија Бекам одлучила да ги напушти Spice Girls за време на повратната турнеја во 2008 година. После шпекулациите за повторното собирање по повод 20 години од постоењето на групата, модната дизајнерка во интервју за Vogue Australia открила зошто не сакала да ја продолжи музичката кариера.

Пош Спајс открила дека сфатила како ја изгубила страста за изведување на песни и музика откако го гледала шоуто "Red Piano", на својот близок пријател Елтон Џон во Лас Вегас. 

Мел Би постојано говори за своите желби тие пет повторно да се обединат, додека Викторија постојано повторува дека музиката сака да ја остави зад себе и да се посвети на својот моден бренд.

Британските таблоиди пишуваат дека оваа недела Мел Би и Викторија се скарале и дека Мел ја нарекла Викторија к**ка за време на жестоката расправа околу повратниот концерт.

"Секогаш сакав да се занимавам со мода, па бев среќна дека музиката не ми беше прва страст. На тие девојки музиката им беше сè", рекла Викторија за Vogue.

"Секој ден некој прашува: Сакате ли да одите на турнеја? Ти си таа која не стопира". За мене секогаш беше нешто друго што сум сакала да правам. План Б, фаза два".

За време на турнејата во САД во 2008 година, Викторија отишла на концерт на Елтон Џон во Лас Вегас и сфатила дека ја нема таа страст која тој ја има.

"Бев со Елтон Џон тој викенд и му реков: Ти си причината поради која ја прекинувам мојата музичка кариера", објасни Викторија.

Spice Girls својот последен концерт го одржаа во Торонто, а повторно се обединиле во 2012 година на отварањето на Олимписките игри во Лондон.

Оваа година се сретнаа на ручек, што покрена гласини за реобединување.

"Бев на ручек со останатите Спајс девојки пред неколку месеци, работите излегоа од контрола, морав да му наложам на адвокатот да ги разбие сите смешни приказни кои кружеа".

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд ќе стане татко

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо.

Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

– И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа, изјави Кавил (40).

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавија на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија

Видео: Хју Хефнер е погребан до Мерлин Монро- причината е бизарна

Многу фанови деновиве се сеќаваат на поранешниот шеф на Плејбој, а една од најбизарните работи што ги правел во животот се однесувала на Мерлин Монро. Имено, неговата желба била да биде погребан покрај познатата актерка.

Хефнер почина во септември 2017 година, а неговите посмртни останки се наоѓаат во криптата на гробиштата на Меморијалниот парк на селото Пирс Брадерс Вествуд во Лос Анџелес - веднаш до Монро. Тој платил 75.000 долари во 1992 година за да биде погребан покрај холивудската ѕвезда, иако парот никогаш не се запознал. Хефнер тврдеше дека таа е најзаслужна за успехот на Плејбој, а тие биле на иста возраст, поради што чувствувал „двојна врска“ со неа.

Хефнер одлучил години пред смртта да биде погребан до неа. „Верувам во симболични работи. Да се ​​помине вечноста покрај Мерилин е премногу слатко за да се избегне“, изјавил тој за Лос Анџелес Тајмс во 2009 година. Хефнер ја направи Монро икона на Плејбој откако тој купи неколку нејзини голи фотографии кои таа се согласила да ги направи кога немала пари.

Кога потврдил дека платил 75.000 долари за да биде погребан до актерката, феминистките истакнале дека Хефнер ги објавил нејзините разголени фотографии без нејзина согласност и не ѝ платил ни пара. Всушност, кога се согласила да се фотографира во 1949 година, за нив ѝ платиле само 50 долари, а потоа побарала од фотографот да се обиде да ги замагли за да не биде препознатлива.

Хефнер подоцна платил 500 долари и ги објавил на централно место во првото списание Плејбој. Во 2011 година, Хефнер му рекол на Пирс Морган: „Таа всушност беше во класата по глума на брат ми во Њујорк. Но, реалноста е дека никогаш не ја запознав. Еднаш разговарав со неа на телефон, но никогаш не ја сретнав. Таа замина, за жал , пред да дојдам овде“, призна тој.

Популарно