Владимир: Полицијата ми пиша 9 казни за еден час!

Четириесет и четири годишниот Владимир Жуниќ од Пријеполе вчера немал голема среќа со сообраќајната полиција, која во рок од само 1 час му пишала дури 9 прекршочни пријави.

Приватниот автопревозник бил запрен од сообраќајната полиција која му напишала 9 казни.

-Час и полиовина полицајци ме држеа покрај патот и ми пишуваа казни. Не можев да верувам што ми се случува и сето тоа го доживеав како класично изживување. Отидов до командирот на полицијата да прашам дали е ова можно, но не беше на рабопта, ми рекоа да дојдам после 15 часот - рекол Жуниќ за „Гласот на западна Србија“.

Додал дека бне направил толку големи прекршоци за да добие толкав број казни.

-Ми напишаа пријави за тахограв лента. Ја сум приватен превозник, но не знаев дека тахограф листот треба да го извадам кога ќе завршам со возење, и за тоа е во ред да ми напишат казна, не знаев, сега знам,. Потоа, имам казна затоа што не сум носел некои потврди, но главно со тие потврди се лажира изгвештај. Тие од нас бараат да возиме камион и да  бидеме машини за куцање. Не можам да бидам возач и дактилограф во исто време - наведува Жуниќ.

Од друга страна, познавачите на сообраќајните правила велат дека полицајците постапиле по законот кога ги пишувале пријавите.

Жуниќ има свој камион, пријавен е и уредно плаќа придонеси, а сега треба да плати уште 23.400 денари (45.000 динари) за девет казни, или половина ако плати во одреден рок.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно