Нострадамус: Еден човек кратко ќе владее со Македонија и ќе проба да ја уништи, но народот ќе ја спаси

Еден човек кратко ќе владее со Македонија и ќе проба да ја уништи, но народот ќе ја спаси, пишува порталот „Македонска нација“, повикувајќи се на наводно пророштво на Нострадамус.

Во продолжение, целиот текст во форма на фотографија.

Груевски од Будимпешта бара оставка од Шилегов

Екс премиерот на Република Македонија Никола Груевски по осудителната пресуда за 2 годишна казна затвор, денеска на својот ФБ профил се пофали дека е во Будимпешта, од каде што ќе бара политички азил од унгарските власти.

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во својот ФБ статус има напишано дека добил закани по животот и дека и во иднина никогаш нема да отстапи од каузата за Македонија.

Но покрај овој реален статус на Груевски, на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер се појавија еден куп твитови и статуси на сметка на бегството на екс премиерот, со кој тие покрај сериозноста на ситуацијата, сакаат да внесат и хумор во целата оваа состојба.

Еден од тие ФБ статуси е и овој ФБ статус каде што Никола Груевски наводно бара оставка од Шилегов бидејќи е загадено Скопје, притоа додавајќи дека воздухот во Будимпешта не е до толку загаден.

Еве ја фотката за оваа шала која вирално се шири на социјалните мрежи.

ВИДЕО: Граѓаните се подготвуваат за загадувањето

Од земјата која 33 пати е спомната во Библијата, но ниеднаш на списокот на земји членки на ЕУ, ви ги носиме новите „Фчерашни новости“, десетти по ред од четвртата сезона. Во нив последни дознавате:

- Какви се маките на државата по зголемувањето на даноците? 

- Кои се ставовите на водечките партии околу актуелните теми? 

- Ексклузивно: Граѓаните се подготвуваат за загадувањето 

И следната недела во истиот термин ве чекаат нови „Фчерашни новости“. Канал 5 телевизија недела 19:30 часот. Останете така. 

Популарно